172
22 shares, 172 points

Производителите извесно време сервираа трендовски СУВ-модели со погон на струја, што беше одлично за имиџот на чистиот погон, но малку подалеку од широкиот круг купувачи. Во следните неколку месеци ќе се случува вистински наплив од градски автомобили со погон на струја. Во земјите што имаат високи субвенции, овие модели стануваат мошне интересни.

Брзо се менуваат работите на сцената на елеектричниот погон, а со тоа и на целата автомобилска сцена. По половината дузина престижни СУВ-модели на струја, главно од премиум марките, во следните неколку месеци ќе пристигаат автомобили кои се релативно достапни за поширок круг купувачи. Тоа важи особено во земјите каде што следат високи субвенции за купувачите на електрични возила.

Градските автомобили со електричен погон постигнуваат прифатливи цени и поради тоа што батеријата им е релативно помала, а истото важи за моќноста на електромоторот. Бидејќи со нив се минуваат најмногу километри во градско возење, тие немаат потреба од голем досег. Некои производители сепак ценат дека градските модели на батерија треба да располагаат со можност за подалеки излети.

Mini Cooper SE за тренд и забава

Британската „мини“ марка повеќе внимава да биде ниска тежината. Поради тоа, батеријата со 32,6 kWh е помала во споредба со останатите модели, но затоа и тежината на Mini Cooper SE е само 150 килограми повисока отколку кај Cooper S со обичен мотор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Досегот теоретски изнесува 270 километри. Може да се користи обичен полнач со 11 kW или брз полнач со 50 kW. Цената во Германија изнесува 32.500 евра, а испораките стартуваат напролет.

Opel Corsa E и Peugeot e-208 за секојдневието

Двете моделски имиња се добро познати и отсега користат иста платформа, односно техника. Со 50 kWh, батеријата има значително поголем капацитет во споредба со Mini. Соодветно на тоа и досегот изнесува 330 километри, но мерено според новиот циклус WLTP.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моќноста од 136 КС е пониска во споредба со Mini. Цените исто така се пониски: Opel Corsa-e на германскиот пазар ќе стартува од 29.900 евра, додека францускиот модел ќе чини околу 500 евра повеќе. Испораките се очекуваат во почетокот на следната година.

Honda E сака да биде новиот трендовски модел во градовите

Сцената гледа со големи симпатии кон новиот модел на струја на Јапонците. За тоа придонесува ретро-дизајнот, но и многу решенија по коишто Honda E се разликува од останатите модели. Важни се и возните својства, односно возачкото уживање. Погонот е назад, електромоторот испорачува 150 КС, возилото е долго само 3,9 метри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Honda не вградува голема батерија, туку оди на само 36 kWh и на досег од 200 километри – според реалната норма WLTP. Користење брзи полначи со 50 kW исто така се подржува. Околу цената се претпоставува дека таа нема да биде под 35.000 евра. Испораките следат во почетокот на следната година. Honda E првично ќе биде достапна само на пет европски пазари.

Renault Zoe ќе ја брани шампионската титула

Додека Mini, Honda и концернот PSA ги претставуваат своите први модели на струја во класата на градските автомобили, Renault Zoe има веќе осум годишно искуство на пазарот. Неодамна беше извршено темелно моделско освежување, што секако дека не е случајно по најавата за новите модели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батеријата има капацитет од 52 kWh и дозволува досег до 390 километри (според WLTP). Се нуди и подостапна изведба со батерија од 41 kWh и досег до 316 km. Полнењето може да се врши на полнач со 22 kW (AC), а за првпат кај Zoe може да се користи и полнач до 50 kW, со приклучок CCS. Цената во германија изнесува 31.990 евра за верзијата со 52 kWh, односно 29.990 евра за изведбата со помала батерија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
22 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *