169
25 shares, 169 points

Трамп досега укина безброј програми за заштита на животната средина. Сега се на ред еко-стандардите за автомобилите. Како резултат од тоа, САД ќе потрошат дополнителни 73 милијарди галони бензин. Градовите и сојузните држави ги презираат тие планови, постапуваат по свое

Администрацијата на Трамп направи многу за заштитата на животната средина, но во спротивната насока. Повеќето од програмите што ги донесе владата на претходникот Обама, веќе одамна се напуштени. Моментно се работи на укинување на стандардите за ограничување на потрошувачката на гориво и на емисијата на штетни материи за периодот до 2025 година.

Трамп сака стандардите да се замрзнат на нивото за 2020 година. Претходно беше планирано потрошувачката и емисијата да се намалуваат по 3 до 4 проценти секоја година, до средината на деценијата. Со замрзнувањето на стандардите, просечната потрошувачка на гориво ќе се смали на само 29 милји со галон гориво (8,11 l/100 km) до 2025 година, место да се постигне драстично смалување на 35 mpg (6,72 l/100 km), како што планираше Обама. Моментно, просечната потрошувачка на гориво изнесува 26 mpg (9,04 l/100 km).

Cadillac Escalade

Според анализите, отстапувањето од плановите ќе резултира со дополнителен увоз на 73 милијарди галони бензин. Тоа е два до три пати повеќе од стратешките државни резерви, односно на количината на годишниот увоз од Мексико или Ирак. Од дополнителната количина гориво ќе се ослободат 800 милиони тони СО2, што е исто колку годишната емисија на стакленичниот гас на Австрија, Бангладеш или Колумбија.

Калифорнија повторно има решение за излез од еко-кризата што ја поттикнува Трамп и се бори за возила со почист издув

Историски, Калифорнија отсекогаш била понапредна од останатите сојузни држави во ограничувањето на штетните влијанија од возилата. Така беше уште во доцните 1960-ти, така ќе биде и сега. Повеќе градови и сојузни американски држави ќе ги применуваат стандардите што ги има донесено Калифорнија.

Тринаесет сојузни држави досега, заедно со Колумбија, ги усвоија калифорниските закони за ниска емисија. Десет од нив ги усвоија и законите за возила со нулта емисија на штетни материи. Гувернери од 16 држави и Порторико, коишто се противат на укинувањето на претходниот план, се здружија во Климатска Алијанса на САД. Со цел да ја намалат емисијата на стакленички гасви, тие ќе постапуваат според Париската Конвенција.

Мапа во висока резолуција со градовите и сојузните американски држави што ќе почитуваат сопствени стандарди за заштита на животната средина од издувот од сообраќајот

Америакнски градови воведуваат построги закони за возила со почист издув

Дополнително, Калифорнија и 16 држави, заедно со Колумбија, поднесоа тужба против администрацијата на Трамп. Повеќе држави најавија дека ќе се придружат во спротивставувањето на плановите за укинување на строгите еко-стандарди. Најголемиот удар ќе биде од преку 400-те градоначалници, кои ги осудија владините намери.

Тринаесетте држави кои ќе се придржуваат до стандардите за возила со ниска емисија учествуваат со 35% во вкупната продажба на возила во САД. Кога на тоа ќе се придружат и иницијативите на градските власти, ќе се покријат 55% од продажбата на возила на американскиот пазар.

За забавеното темпо на намалување на потрошувачката на гориво во САД придонесува и масовната распространетост на пикапи, кросовери и големи спортски теренци

Покрај тоа, тужбите од гувернерите и градоначалниците ќе доведат до повеќегодишно блокирање на судската процедура. Поставувањето на бизнис интересите над заштитата на населението од штетните гасови повеќе не функционира. Тоа се однесува и на САД, и на сите еколошки освестени средини и региони низ целиот свет. Калифорнија, конкретно, планира да ги укине возилата со мотори со внатрешно согорување по 2040 година. Паралелно се воведуваат нови даноци и такси, исто како и ограничувања за регистрирањето нови возила со слаб квалитет на издувни гасови.

Принципот на „кој сака да загадува, нека плати“ веќе се применува во Франција, Шведска и Норвешка, кадешто регистрирањето на возила со слаб квалитет на издувни гасови чини неколкупати повеќе отколку за електричните и плагин-хибридните возила.

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
25 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743