за

Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја

Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја
Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја

На технолошкиот институт при Универзитетот Карлсруе се добиени првите литри гориво од јаглероден диоксид, вода и еколошка струја. Првпат успеаја сите четири хемиски процеси што се неопходни за непрекинато производство, со максимално искористување на јаглеродниот диоксид и висока енергетска ефикасност.

Проектот моментно е во фаза на тестирање и дневно може да се произведуваат најмногу десет литри гориво. Во следната фаза, количината ќе се зголеми на 200 литри дневно. Потоа е на ред изработка на прединдустриска демо-постројка во којашто ќе може да се достигне дневна продукција меѓу 1.500 и 2.000 литри гориво. Во тој случај ќе се постигне планираниот степен на ефикасност од околу 60%, што значи дека 60 проценти од користената еко-струја ќе може да се претворат во хемиска енергија, односно во погонско гориво.

Четири чекори за производството на бензин од стакленички гасови

Во првиот чекор, системот се полни со јаглероден диоксид од амбиенталниот воздух. Притоа се користи посебно третиран филтерски материјал. Овој филтер ги впива молекулите на јаглероден диоксид како еден вид сунѓер. Гасот потоа се ослободува од филтерот под дејство на вакуум и температура од 95 степени Целсиузови.

Во вториот чекор се врши истовременo електролитско раздвојување на јаглероден диоксид и водена пареа. Оваа таканаречена ко-електролиза, во еден единствен процес произведува водород и јаглероден моноксид, односно синтетизиран гас, којшто е основа за многубројни процеси во хемиската индустрија.

Во третиот чекор се создаваат молекули на јаглеводород со помош на постапката Фишер-Тропш. Јаглеводородот е суровина за добивање погонско гориво. Тоа се врши во високотехнолошки реактор.

Во четвртиот чекор се оптимизира квалитетот на погонското гориво. Тоа е таканаречен процес на хидрокракирање. Во атмосфера на водород, делумно се раздвојуваат долгите молекуларни верски на јаглеводородните молекули, во присуство на катализатор од платина и зеолит. На тој начин се проширува спектарот на производи, односно се произведуваат бензин, керозин и дизел.

Идните постројки би можело да се постават покрај големи соларни или хидро електрани, односно ветерници, од кадешто директно ќе се користи чистата енергија од обновливи извори. Се предвидува дека овие постројки би почнале со работа по десетина години.

Синтетски горива за спас на моторот со внатрешно согорување

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes A 250 e

„Е“ е новото „Д“: Хибриди во гамата на Mercedes A-Class

SKODA-AUTO-DigiLab-Citymove

Skoda разви мобилна апликација за сите видови превоз во Прага