Вести

Google се откажува од роботските автомобили

Производителите на автомобили западнаа во блага паника кога Google ги пушти своите самовозечки двоседи по калифорниските улици. По три години, роботските автомобили се повлекуваат. Тестирањето е завршено, но технологијата нема да остане неискористена.

Впечатливите топчести автомобили на гигантот Google се повлекуваат по три години од нивното прво појавување по улиците. Малечките двоседи со електричен погон и технологија за автономно возење не беа ниту планирани да се произведуваат во голема серија, туку се користеа исклучиво за тестирање. Сестринската компанија Waymo во иднина ќе се посвети на продавање на својата технологија на големите производители на автомобили.

Итало-американскиот концерн Fiat Chysler може да биде еден од нив. Повеќе од 500 минивани Pacifica се опремени со „автопилотот“. Семејствата во Аризона може да се пријават за користење на овие возила во секојдневието.

Светот очекуваше Google да воведе револуција во градскиот превоз

Google го претстави сопствениот автомобил во 2014 година. Тоа не мина незабележано од авто-производителите. Но, интернет гигантот уште тогаш посочи дека не планира да стане производител на автомобили. Браншата сепак шпекулираше на големо дека топчестите електромобили се замислени како прототипи за идна мрежа од роботизирани такси-возила во метрополите. Авто-производителите веднаш се изјаснија дека ќе одбијат да произведуваат возила по налог на Google.

This week, we officially reached three million miles of self-driving on public roads — the equivalent to traveling to…

Posted by Waymo on Wednesday, May 10, 2017

Роботизираните двоседи не поседуваа ниту волан ниту педали. Целата контрола врз возењето беше препуштена на вештачка интелигенција. Властите во САД сепак не дозволија роботските автомобили да учествуваат во сообраќајот без основните контроли. На тестирањето во 2015 година во Остин, Тексас, електричните двоседи беспрекорно ја изминаа планираната рута, без потреба од каква било човечка интервенција. Технологијата ја докажа својата зрелост.

Седумдесетина прототипи беа изработени од „Firefly“

Возниот парк од автономните двоседи наречени „Firefly“ достигна најмногу седумдесетина прототипи. Тие циркулираа главно по улиците во седиштето на компанијата во Маунтин Вју, како и во Остин, Тексас. Комфорот им беше слаба точка, исто како и крајната брзина од 40 километри на час, поради што останатите возачи најчесто негодуваа.

Кон крајот на минатата година проектот беше препуштен на сестринската фирма Waymo. Тогаш стана јасно дека намерата е технологијата за автономно возење да им се продава на производителите на автомобили.

По пионерскиот чекор на Google, целата бранша се зафати со роботските автомобили

Компанијата што го поседува највредниот бренд на светот ги исплаши производителите на автомобили уште во 2009 година, кога пушти неколку модифицирани модели на Toyota да се движат по улиците. Со технологијата за автономно возење денес се занимаваат сите влијателни компании од секторот, вклучувајќи ги Google, Intel, Uber и уште непрегледен број стартап-компании.

Само во Калифорнија, моментно повеќе од триесетина компании тестираат автономни возила. Нивното појавување во секојдневниот сообраќај се очекува во следните три до четири години. Waymo и натаму се надева дека нивната технологија ќе се вградува во повеќе автомобилски марки. Извесно време се шпекулираше околу партнерство со Ford, но преговорите пропаднаа пред близу две години. Ford продолжи самостојно да ја развива технологијата.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729