135
18 shares, 135 points

Производителите на автомобили и мотоцикли не се единствени што прикажуваат концепти на салоните, одвреме навреме тоа го практикуваат и производителите на гуми. Обично Goodyear е марката што настапува со иновативни идеи. Нивната најнова креација се води под името „reCharge“. Оваа гума функционира на тој начин што се приспособува и се менува според корисникот.

Клучната технологија кај Goodyear re-Charge е биолошки разградлива смеша за газечкиот профил, којашто е наполнета во капсули. Овие капсули се поставуваат во средината на тркалото и гумата содржана во нив оттаму се пренесува до површината на тркалото, создавајќи блокови, исто како како кај класичните гуми. Течната гумена мешавина со текот на времето се црпи од капсулите и се повлекува кон блоковите во газечката површина на гумата, надоместувајќи за трошењето на гумата.

Покрај тоа, според истиот принцип со капсули, гумата се приспособува на сменетите временски услови, на видот на подлогата, како и на стилот на возење. Профилот на гумата се формира со помош на вештачка интелигенција, за тој да одговара најдобро според барањата и потребите на возачот.

Нема потреба од менување на гумите, кај концептот на Goodyear се менува само капсулата, а со тоа се обновува и газечката површина

Класичното менување на гумите станува непоторебно, затоа што капсулите се менуваат откако ќе се потрошат или едноставно се дополнува смешата во нив. Слично како кај поранешните печатачи со картриџ. Што се однесува до конструкцијата на гумата, тука повеќе не станува збор за пневматик, односно за гума што се полни со воздух под притисок. Тркалото е изработено од лесни композити, коишто се издржливи и отпорни се на најразлични влијанија. Поради тоа, отпаѓа и потребата од контрола на притисокот во гумата. Продупчување на профилот, исто така станува табу.

Гумената мешавина се состои од биолошки материјал. Тој е зајакнат со влакна, коишто се слични на пајаковата мрежа. Познато е дека станува збор за еден од најиздржливите природни материјали. На тој начин се постигнува мешавината да биде исклучително долготрајна, но и стопроцентно разградлива и безопасна за животната средина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *