103
15 shares, 103 points

По близу цела деценија, цепелинот на Goodyear од вчера повторно лебди на небото над Европа. Ова летало е заштитен знак за производителот на пневматици. Goodyear соработува речиси цел еден век со германскиот специјалист Zeppelin. Со должина од 75 метри, што е три четвртини од должината на фудбалско игралиште, како и со висина од 18 метри, актуелниот модел Zeppelin NT е најголемото летало од овој вид со полукрута конструкција.

Намената на цепелинот ќе биде снимање на единствени кадри на најразлични автомобилски трки ширум Европа. На тој начин, Goodyear повторно ќе го зајакнува својот имиџ во мотоспортот. Неговите пневматици ќе се користат во класата LPM2 во светскиот шампионат на долги патеки (WEC), како и во европската Леман-серија (од 2021 година), во британскиот шампионат со туристички возила (BTCC). Понатаму, во партнерство со каналот Eurosport, со пневматиците на Goodyear ќе се вози и во WTCR и во Pure-ETCR, првата тркачка серија со електрични автомобили.

Цепелинот ќе се користи и за туристички летови. Во САД, Goodyear поседува уште три летала од истиот тип. Тие се гледаат често на трките во Наскар, во НБА и во голф-серијата ПГА.

Блимпот“ на Goodyear првпат полета во Европа во март 1972 година. Тоа се случи во јуни во англискиот Кардингтон. Цепелинот се користеше цели 14 години и надлетуваше бројни спортски и културни настани, вклучувајќи и две венчавки во англискиот кралски двор. Потоа следеа уште неколку летала. Последен пат цепелинот на Goodyear леташе во Европа во 2012 година.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

103
15 shares, 103 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *