за

Goodyear ќе произведува автомобилски гуми од отпадоци од ориз

Американскиот гумарски гигант Goodyear ќе користи ориз во производството на автомобилски гуми за намалена потрошувачка на гориво.

Од своето седиште во Акрон, во сојузната американска држава Охајо, Goodyear денес изненади со објавата дека наскоро ќе стартува со примена на пепел од горењето отпадоци од ориз, како еколошка замена за вообичаено користената силика во производството на автомобилски гуми. Американскиот производител во последните две години изврши темелно тестирање на силика добиена од ориз во својот центар за иновации во Охајо и дојде до заклучок дека замената ги има истите својства како конвенционалната силика.

Пепелот од отпадоците од ориз ќе се користат како алтернативен извор на силика и воедно ќе придонесат за намалување на волуменот на отпадоци од ориз на депониите за отпадни материи. Според податоците на ОН, во светот годишно се жнеат околу 700 милиони тони ориз. Уништувањето на отпадот претставува големо оптоварување за животната средина. Овие остатоци досега се согоруваа за производство на струја или заради намалување на количината на отпадни материи.

Силиката се додава во гумата заради зајакнување на материјалот и намалување на отпорот при тркалање. Покрај тоа, силиката има позитивно влијание врз тракцијата на влажна подлога. Goodyear моментно истражува и со масло од соја, како замена за суровата нафта во производството на гуми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi го престигна BMW и кај крадците на автомобили

Tesla не сака да го продава Model X