за

Golf GTI TCR отсега ќе го возат и јапонските ентузијасти

volkswagen golf gti tcr japonija
volkswagen golf gti tcr japonija

Konichiwa GTI. Спортската изведба на Golf има свој круг обожуватели и во далечната Јапонија. Во рамките на светскиот куп со туристички возила во Сузука официјално стартуваше продажбата на Golf GTI TCR во земјата на изгрејсонцето.

Во земјата има релатаивно голем број обожуватели на GTI и не зачудува тоа што Јапонија е меѓу петте најголеми пазари за оваа моделска изведба во светски рамки. Цената на GTI TCR во Јапонија изнесува околу 5,1 милиони јени. Тоа се околу 42.000 евра.

Нивото на цените е слично со европските пазари. Продажбата на TCR-Golf во Европа стартуваше во јануари. Најголемата разлика кај јапонската изведба е воланот од левата страна. Во земјата се вози по левата страна на патот.

Фолксваген Голф Осмиот: Дигитално место Дизел

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford бележи рекордна продажба во Германија

лиденшајд стар град

Германски град седум години без загинати во сообраќај