Германскиот магазин Auto Bild објави споредбен тест на три електрични автомобили. Овојпат меѓу нив е и Golf. Кој е победникот на тестот? Противници беа BMW i3 и Nissan Leaf.
Volkswagen обично доцни зад трендовите и ги прифаќа кога на пазарот веќе се издвојуваат големи имиња. Така беше прво со семејниот ван Touran, потоа и со компактниот теренец Touareg. Тоа се само неколку примери. Моделите се појавија задоцнето, стартуваа со продажба – и ги освоија високите позиции во продажбата во соодветните класи. Овојпат не се работи за нов каросериски концепт или дизајнерски правец, туку за технологија којашто веќе не вози во иднината – за погонот на струја.
Golf отсега вози и на струја. Ова е заклучокот на магазинот: „Volkswagen се потпира на позната, но и мошне докажана основа и ја спојува со современ електричен погон. Готов е E-Golf. Тој не се издвојува особено во некое подрачје, но затоа и не си дозволува слабости. Тоа е типично за Golf. Иновативниот и спортски, но и непрактичен за секојдневието BMW i3 мора да се повлече. Нехармоничниот Nissan Leaf, пак, не може да сокрие дека заостанува една генерација.“ Мала напомена околу фактичната ситуација: Nissan Leaf е најуспешниот големосериски автомобил со погон на струја во светот и воедно пионер во сериската реализација, во меѓувреме присутен во втора генерација, додека BMW i3 е најиновативниот и технички најнапреден електромобил на струја, меѓу другото со каросерија изработена во поголем дел од лесен и скап карбон, со цена од 35.000 евра. Тоа сепак не им помага во борбата против Golf. Тој победува дури и кога станува збор за погонот на струја. Golf е едноставно непобедлив.