за

Global NCAP бара итно повлекување на Datsun Go

Последните резултати од краш тестовите покажаа неприфатлив ризик од повреди што се опасни по животот кај евтината марка на Nissan.

Во резултатите од последните краш тестови во рамките на кампањата за побезбедни автомобили на организацијата Global NCAP, првиот модел од новата, евтина марка на Nissan, не освои ниту една од можните пет ѕвездички за безбедноста што автомобилот им ја нуди на патниците во случај на судир. Целата каросериска конструкција на Datsun Go се смачка на тестот. Високите сили што дејствуваа на тест-куклите претставуваат загрижувачки висок ризик за тешки или дури кобни повреди. Каросеријата на Go е толку слаба што и вградувањето на воздушните перници е бескорисно.

Макс Мозли, претседател на Global NCAP, побара од шефот на Nissan, Карлос Гон, моделот Datsun Go итно да биде повлечен од индискиот пазар каде што веќе стартуваше продажбата, како и од другите пазари во регионот. Во писмото до Гон, Мозли пишува: „Големо разучарување е тоа што Nissan одобри продажба на комплетно нов модел на автомобил, што очигледно е со недоволен квалитет. Во актуелното ниво на развој, Datsun Go не може да ги исполни прописите на Обединетите Нации за заштита при челен судир. Под овие услови, итно барам Nissan да го повлече Datsun Go од продажба на индискиот пазар и неодложно да преземе ново конструирање на каросеријата на возилото. Карлос Гон, како претседател на Nissan и како претседател на Здружението на европски производители на автомобили треба да покаже одговорност, како во рамките на концернот Nissan, така и во името на целата автомобилска индустрија.“

Datsun Go доби нула ѕвездички за заштита на возрасни патници и само две ѕвездички за заштита на децата како патници. Конструкцијата на каросеријата на Datsun Go попушти при тестот и оценета е како нестабилна. Поради отсуство на воздушна перница, главата на возачот удри директно во воланот и во таблата – вредностите измерени на куклата покажуваат можност за смртоносни повреди. Смачкувањето на каросеријата прави дополнителното вградување на воздушни перници да биде бескорисно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Mondeo пристига во декември: Дизелот за 23.900 евра

Милион долари за „фолксвагенот“ на претседателот на Уругвај