139
28 shares, 139 points

Alfa Romeo Giulia на многумина им го сврте паметот, особено во врвната изведба Quadrifoglio. Може ли убавата Италијанка во верзија со погон на сите тркала, четири цилиндри и 280 КС да се докаже против германските конкуренти Opel Insignia Grand Sport и VW Arteon?

Го пренесуваме споредбениот тест на трите спортски лимузини од највлијателниот европски магазин за автомобилизам Ауто Билд

Alfa Romeo Giulia е автомобил што го полни срцето на автомобилските новинари со радост. Од првата средба со убавата Џулија, во редакцијата повторно владее одушевување. По најсилната варијанта на Италијанката со звучното презиме Квадрифољо, сега му се посветуваме на сегментот што е малку поблиску до народот. Како соперници на споредбениот тест настапуваат двата германски конкуренти Opel Insignia и VW Arteon. Трите автомобили ги обединува четирицилиндарец со зафатнина од два литри и погон на сите тркала.

Во Volkswagen Arteon има многу техника од Golf

Како наследник на CC (претходно Passat CC), Волфсбург го пушта Arteon во трка во вишата средна класа и во топ-моделот го користи дволитарскиот TSI, којшто веќе ни е познат од разните спортисти од компакт класата, почнувајќи од Seat Leon Cupra до Golf R. Во овој случај, тој располага со 280 КС и 350 Nm. Големиот заден капак го дефинира Arteon како комбилимузина, а неговата големина (должина 4,86 метри) треба да го освои кругот купувачи коишто останаа неуслужени по заминувањето на знаменосецот Phaeton.

Volkswagen Arteon 2.0 TSI 4Motion; 2,0 L, 280 КС при 5100-6500/min, 350 Nm при 1700/min, погон на сите тркала, 7-степен менувач со двојна спојка, цена на возилото на тестот 51.705 евра (Фото: Volkswagen)

volkswagen arteon

Трендот за големо го следат и кај Opel. Развиена уште во времето на американскиот концерн GM, актуелната Insignia Grand Sport има солидна должина од 4,89 метри. Audi A6, серијата 5 на BMW и Mercedes E-Class од класата погоре не се подолги ниту за пет сантиметри. Затоа пак, благодарение на интелигентната конструкција со челик со висока цврстина и алуминиум, новата Insignia тежи до 175 килограми помалку.

Погоден е дизајнот на Insignia Grand Sport

Со својот изглед таа не мора да се крие пред заводливата Giulia и мускулестиот Arteon. Врвниот модел GSi со подвозје испробано на Нордшлајфе уште не беше на располагање за тест, но тој го поседува истиот мотор Ecotec како тест-возилото, кој од два литри зафатнина мобилизира 260 КС и вртежен момент од 400 Nm. Со тоа Opel е 20 КС послаб од конкурентите, но со вртежниот момент е на исто рамниште со Giulia.

Opel Insignia GS 2.0 Turbo 4×4; 2,0 L, 260 КС при 5300/min, 400 Nm при 2500/min, погон на сите тркала, 8-степен автоматик, цена на возилото на тестот 46.040 евра (Фото: Opel)

opel insignia grand sport

Сите три кандидати поседуваат погон на сите тркала, но во различна варијанта. Додека Giulia само повремено ја вклучува предната оска, Arteon и Insignia се базираат на преден погонски концепт, кој добива само малку помош од задната оска.

Giulia ги поседува најспортските состојки

Останатите значајни разлики ги открива мерната вага. Не само што Giulia е 60 килограми полесна од Arteon, туку поседува и речиси совршена тежинска распределба меѓу оските од 51:49 проценти. Opel и VW ставаат многу повеќе товар врз предната оска.

Alfa Romeo Giulia Veloce Q4; 2,0 L, 280 КС при 5250/min, 400 Nm при 2250/min, погон на сите тркала, 8-степен автоматик, цена на возилото на тестот 51.000 евра (Фото: Alfa Romeo)

alfa romeo giulia

Giulia буди спортско чувство уште при седнувањето. Убаво дизајнираните седишта се комфорни, а ниското седење и големиот распон на местење многу потсеќаат на тројката на BMW. Но, во поглед на обработката, Giulia не може да се носи со германските премиум марки. Црвената кожа и пластиката во средишната конзола покажуваат видливи траги од користење по само 20.000 километри. Поубави се алуминиумските рачки за промена на степен, иако тие го отежнуваат пристапот до рачката за местење на воланот. Графиката на менито од инфо-забавниот систем веќе изгледа застарено и грубо во споредба со Arteon и Insignia, но затоа ракувањето со него е полесно.

Arteon и Insignia не нудат чувство на агилност како Alfa

Погонот на сите тркала Q4 – кој во нормални услови ја пренесува целата моќ до задните тркала – заедно со совршено избалансираниот тежински сооднос меѓу оските ѝ дава на Giulia голема предност при побрзо возење во свијоци. Лесното и мошне директно управување бара неколку „замавнувања“ додека човек се навикне на малиот агол на управување. Брзата реакција на предната оска и ниската тенденција за подуправување и даваат на Gulia чувство на агилност, коешто Arteon и Insignia не го нудат.

Тоа што всушност ѝ недостига на Giulia е мотор кој ќе импресионира. Нејзиниот модерен четирицилиндарец работи со пумпа со низок притисок и ги спушта „едрата“ веќе при 5500 вртежи. Звукот при стартувањето потсеќа на дизел. Ударот при ниски вртежи, широкото средно подрачје на вртежи и неволното качување над 4500 вртежи прават илузијата на возење дизел да биде речиси совршена.

Конкурентите немаат шанса со еластичноста на моторот на Giulia

По малку емоција внесува единствено моќното префрлување на автоматикот од ZF, кој со осетен удар го става автомобилот во следниот степен и прави Giulia да биде на врвот на нашето трио во поглед на перформансите. Таа не им дава шанса на конкурентите, особено во еластичноста.

Иако е тежок и има најслаб вртежен момент, Arteon уште држи чекор со полесната Giulia при забрзување од место. Долгиот пренос на менувачот се покажува дури при мерењата на еластичноста и прави Volkswagen да делува тромаво. Менувањето на степените под полна гас се одвива исто толку брзо колку во Giulia, но комфорот при поаѓање и бавно возење заостанува зад мекото движење кај класичните автоматски менувачи со претворач на вртежен момент.

Дволитарскот TSI не му ја дава посакуваната динамика на Arteon

DSG повремено делува неодлучно и при префрлувањето од прв во втор степен се чувствува лесен удар. Моторот TSI врти полесно и притоа звучи попријатно од моторот на Giulia, но на Arteon никогаш не му дава динамика каква што се посакува во вака угледна лимузина.

Амортизерите и пружините „газат“ сигурно, но јасно му даваат предност на комфорното крстосување пред темпераментното ловење свијоци. Управувањето го води Arteon лежерно низ град и по автопат, но на отворен пат остава впечаток како да има помалку директен пренос, отколку што имаме навикнато кај другите модели на VW. Тоа го расипува уживањето, исто како и големата тежина врз преднaта оска (57%), којашто придонесува носот рано да подуправува, пред да се вклучи ЕЅР. Кога предната оска ќе се намести правилно, VW се извлекува од свијокот со добра тракција. Но, управливоста никогаш не е врвна.

Insignia вози најкомфорно, што не треба да е предност во оваа споредба

Opel носи речиси 60 проценти од неговата тежина на предната оска, но добро надоместува за овој недостаток, со широкиот дијапазон на адаптивната амортизација и со почувствителното управување. Подвозјето вредно ги пегла нерамнините во патниот и во нормалниот режим и го претвора големиот Opel во комфорен автомобил за долги патувања. Insignia вози најкомфорно, што не би сакале да го припишеме како предност во оваа споредба.

Вредности измерени на споредбениот тест на Ауто Билд

Мерни вредности

Alfa Romeo

Opel

VW

Забрзување

0- 50 km/h

1,7 s

2,4 s

1,8 s

0-100 km/h

5,1 s

6,8 s

5,2 s

0-130 km/h

8,3 s

10,8 s

8,4 s

0-160 km/h

12,6 s

16,2 s

13,0 s

0-180 km/h

16,9 s

21,0 s

16,8 s

0-402,34 m (1/4 милја)

13,65 s

14,82 s

13,65 s

Vmax

240 km/h (ограничено)

250 km/h (ограничено)

250 km/h (ограничено)

Еластичност

60-100 km/h (4./5. степен)

3,5/4,6 s

5,8/7,7 s

5,3/7,4 s

80-120 km/h (5./6. степен)

4,7/6,4 s

7,3/9,9 s

7,6/9,8 s

80-120 km/h (7. степен)

8,5 s

15,7 s

13,2 s

Пат на сопирање

100-0 km/h студени

34,0 m

33,3 m

33,1 m

100-0 km/h загреани

33,7 m

32,4 m

33,8 m

Слалом

18 метри

67,6 km/h

66,6 km/h

65,8 km/h

Потрошувачка на тест на Ауто Билд

Ø на 100 km

10,4 l супер

10,7 l супер плус

9,0 l супер плус

Досег

560 km

580 km

730 km

Тежини

Празно возило/Носивост

1628/500 kg

1657/596 kg

1691/550 kg

Тежинска распределба напред / назад

51/49 %

59/41 %

57/43 %

Сооднос тежина/моќност

5,8 kg/КС

6,4 kg/КС

6,0 kg/КС

Тоа што пречи е подзаспаниот осумстепен автоматик од Aisin. Тој го повлекува Opel за тромави 6,8 секунди до 100 km/h, и со жилавото менување на степените, на крај го уништува спортскиот елан на смирениот мотор Ecotec. Opel не може да ја искористи ниту предноста во вртежниот момент во споредба со потешкиот VW. Моторот во секој случај освојува симпатии со пријатно грубиот звук, кој барем акустично повеќе сугерира на спорт отколку четирицилиндарците на конкурентите од Alfa и VW.

Спортскиот модус ги стегнува амортизерите повеќе осетно отколку во Arteon, а во исто време се заострува и реакцијата на гасот и на управувањето. Тоа дозволува Insignia со чувство на сигурност од моќните сопирачки од Brembo да се „набие“ во свијоците, кадешто покажува зачудувачка управливост и благодарение на добро дотераниот Torque Vectoring подуправува помеко и подоцна отколку Arteon. Управувањето исто така бара помалку корекции и води низ свијоците со пријатно стегнато чувство.

Заклучок на авторот Гуидо Комп

Giulia Veloce Q4 е јасен победник од спортски аспект, и покрај разочарувачкиот мотор. Нејзината управливост прави големо уживање во возењето, а перформансите се супериорни за германските конкуренти. Insignia 2.0 Turbo губи поради заспаниот автоматик. Нејзиното подвозје нуди најпогоден и наголем распон меѓу комфор и спорт. VW Arteon 2.0 TSI одушевува со впечатокот за квалитет и со најмодерниот амбиент. Но, на подвозјето и управувањето премногу им недостига спортска нота.

Ова се шампионите на супертестот на 100.000 km на Auto Bild

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

Auto Bild ги открива најголемите пијаници меѓу автомобилите

Auto Bild: Какви се M3, C 63 AMG и IS F како користени автомобили?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
28 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730