Студии

Џуџаро пристига со електрична лимузина на салонот во Женева

Прототип со класична триделна каросериска форма за 80-от роденден на маестрото на автомобилскиот дизајн

И на прочуениот дизајнер му е здодеано од теренци на секој агол, во март тој ќе претстави лимузина со класичен крој, со електричен погон и интелигентна платформа за пронаоѓање еко-струја за полнење на батериите.

Креаторот на Alfasud, Audi 80, BMW M1, Ferrari 250 GT SWB Bertone, Fiat Panda, Uno, Croma, Punto, Sedici, Lancia Delta, Thema, Maserati Quattropote, Ghibli, Bora, Renault 21, Saab 9000, Seat Ibiza, Leon, Passat, Golf, Jetta, Yugo Florida, DeLorean…, или кусо, Џорџето Џуџаро, на салонот во Женева во март ќе прикаже прототип (не студија, не концепт, маестрото вели прототип!) на електрична лимузина. Како еден од најуспешните автомобилски дизајнери на сите времиња, Џуџаро со овој прототип испраќа порака до автомобилскиот свет, непосредно пред својот 80-ти роденден: Доста веќе теренци!

GFG Style Geneve 2018 Giugiaro 1

Околу причините зошто се реши токму за најкласичната автомобилска форма, Џуџаро открива: „Откако дизајнирав мошне ниски и хедонистички автомобили во 1960-те и 1970-те години, го поттикнав појавувањето на првите миниванови и го прикажав вертикалниот развој на возилата, од когошто произлегоа денешните спортски теренци, мултинаменски возила и кросовери.“ Пазарот моментно е преполнет со овие каросериски форми. Дизајнерската легенда сега сака да продолжи да провоцира, враќајќи се на елеганцијата на триделната каросериска форма и воведувајќи неколку свежи идеи.

Повеќе од 300 сериски автомобили и над 200 концептни возила носат потпис на Џорџето и Фабрицио Џуџаро

Околу погонот во прототипите повеќе нема двоумење, тој мора да е електричен. Партнер во развојот е Envision, водечка компанија за енергетски менаџмент, којашто за електричната лимузина на Џуџаро го разви EnOS. Станува збор за интернет платформа за комуникација со мрежата од полначи за струја, прва од таков вид со отворен код.

GFG Style Geneve 2018 Giugiaro 3

Маестрото на автомобилскиот дизајн и неговиот син Фабрицио Џуџаро ќе ја претстават електричната лимузина на сопствен штанд, под логото на GFG Style.

GFG Style Geneve 2018 Giugiaro 4

GFG Style Geneve 2018 Giugiaro 2

25-годишнина на Subaru SVX: Јапонскиот гран-туризмо со италијански гени

Технологијата е „закон“ во овој суперавтомобил: Techrules Ren

Десетте најважни дизајнерски трендови од салонот во Париз

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729