180
29 shares, 180 points

Ginetta, познато име од времињата кога Англија имаше најразновидна понуда од спортски модели, подготвува суперавтомобил.

Цела каросерија изработена од карбон, вклучувајќи ја школката, атмосферски мотор V8 со тркачки гени и над 600 КС, секвенцијален менувач. Ginetta засега не објавува ништо повеќе околу својот иден суперавтомобил, но има ли потреба да се додаде нешто повеќе?

Познавачите на автомобилската сцена го ценат името Ginetta, како марка автомобили со лесна конструкција и висока моќност, (сé уште) легални за обичен сообраќај. Најголемиот дел од возилата сепак беа испорачани како тркачки болиди, на пример G55 GT4. Од овој тркачки автомобил се произведени близу 400 примероци, од стартот во 2011 година.

Ginetta: „Ова не е само уште еден суперавтомобил од производител на автомобили, туку суперавтомобил од врвен производител на тркачки автомобили“

За новиот суперспортски автомобил „за на улица“ се најавува технологија што пристига директно од искуствата со тркачките автомобиоли на Ginetta, во комбинација со вешт инженеринг. Англичаните убедуваат дека нивниот автомобил е нешто посебно: „Ова не е уште еден суперавтомобил од автомобилска компанија, туку е суперавтомобил од врвен производител во мотоспортот.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Компанијата постои подолго од 60 години и посебно место во својата историја му дава на G10, кој во 1960-те години мајсторски го има победено Jaguar E-Type на тркачките патеки. Надвор од нив, исто така. По истиот пример, новиот тим под Лоренс Томлинсон ветува повторување на приказната и скоро претставување на уште еден „возачки“ автомобил од островот.

Ginetta е основана од четворицата браќа Воклет во 1958 година. Актуелен сопственик е Лоренс Томлинсон, победник на Леман, кој во 2005 година ја презема компанијата. Автомобилите се изработуваат рачно во фабрика во близина на Лидс, во Западен Јоркшир. Со 400 примероци, Ginetta е шампион во производство на тркачки автомобили во класата GT4. Покрај фактот дека цената на G55 GT4 во тркачка изведба изнесува 119.000 евра – од фабрика – може да се очекува мошне возбудлива цена и за идниот модел.

Околу премиерата на новиот суперавтомобил, Ginetta само најавува дека таа ќе се случи годинава.

А, вака изгледа суперкупот со Ginetta G55 GT4

Brabham BT62: Уште еден Ф1-болид доби дозвола за улица

McLaren P1 за јубилејот од првата титула на Аиртон Сена

Британски осигурители ги објавија најскапите поправки лани

Топ 10 Најголеми легенди во британската туристичка класа


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

180
29 shares, 180 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *