Поранешниот главен дизајнер на Peugeot, Жил Видал, по два дена од напуштањето на позицијата, јави дека преоѓа на висока функција во дизајнерското одделение на конкурентот Renault.
Жил Видал во септември ќе му се придружи на Лоренс ван ден Акер, главниот дизајнер на ниво на групацијата Renault. Како поранешен главен дизајнер за Peugeot, Видал имаше клучна улога во создавањето на тековниот дизајнерски говор на марката. Тој почна да дизајнира за Peugeot во 2010 година и негови дела се 208, 2008, 3008 и 5008, исто како и 508.
Видал ја мина целата своја кариера во PSA. Пред да работи за Peugeot, тој од 1996 година беше ангажиран во Citroen, каде што ги дизајнираше C4 и C4 Picasso.
Претходно уште едно големо име премина да работи во Renault, имено поранешниот дизајнер на Seat/Cupra, Алехандро Мосонеро-Романос, исто така е ангажиран за марката со ромбот во маската.
На местото на Жил Видал ќе работи Матијас Хосан, досега задолжен за концептните автомобили на Peugeot. Негово дело беше концептниот e-Legend.