170
26 shares, 170 points

Германската автоиндустрија многумина ја ценат како водечка. Уделот што го постигнуваат германските марки во продажбата на електрични автомобили, сепак е помал од уделот на нивните дизели и бензинци.

Пазарот на електричните автомобили напредува мошне солидно. Производителите вложуваат дополнителни милијарди, со цел навреме да се изборат за водечките позиции. Германската автомобилска индустрија не е исклучок. Бундестагот изврши истражување, коешто покажува дека уделот што германските прозиводители го постигнуваат на пазарот на електричните автомобили, заостанува многу зад уделот во продажбата на возила со конвенционален погон.

Во земјата моментно возат околу 80.000 електрични автомобили, што е пристојна бројка. Од овие автомобили, 53,4 се од германски марки. За споредба, уделот на германските марки во продажбата на автомобили со дизел или бензиски мотор изнесува 69,4 проценти.

Германските марки држат околу една третина од пазарот на електрични автомобили во Европа

Од европските земји, германските електрични автомобили имаат најголем удел во Норвешка, којашто е светски шампион во погонот на струја, со 32,3 проценти. Во Белгија, германскиот удел кај електричните автомобили изнесува 29,5 проценти, додека во Холандија се 20,0 проценти.

Надвор од Европа, ситуацијата е многу поразлична. Во САД, германските марки учествуваат во продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување само со 7,8 проценти, додека кај електричните возила, уделот се сведува на само 4,2 проценти.

Volksswagen grupacija elektro najava
Концернот Volkswagen најави моделска офанзива со електрични автомобили од сите марки под својотпокрив

Најголем расчекор има во Кина. На важниот пазар за германските производители, уделот кај моторите со внатрешно согорување изнесува 23,2 проценти – кај електричните, уделот е речиси незначителен, со само 0,4 процент. Домашните марки таму целосно владеат со пазарот на електрични автомобили.

Ситуацијата во сите региони е мелку подобра, кога се споредува уделот на германските автомобили со хибриден или плагин-хибриден погон.

Volkswagen ќе пушти 70 електрични модели во следните десет години

Пет балкански земји ќе соработуваат во електромобилноста

Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
26 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *