176
22 shares, 176 points

Германската железница во иднина ќе испорачува еколошка струја директно во железничката мрежа во земјата. Тоа ќе биде реализирано во соработка со партнерот Enerparc, специјалист за проектирање и изведување фотоволтаички системи. Новиот соларен парк ќе се гради во близина на местото Васбек, во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн.

Германската железница (Deutsche Bahn) и Enerparc ќе изградат соларен парк со површина што одговара на околу 70 фудбалски игралишта. Модулите со моќност од 42 мегавати-пик (MWp) ќе произведуваат по 38 гигаватчасови енергија годишно. Изградбата ќе стартува во најкус можен рок, по добивањето одобрение од надлежните институции во општината.

Железницата моментно е најголем потрошувач на еколошка струја во Германија. Уделот на еколошка струја, според сопствените пресметки, изнесува околу 60 проценти. До 2021 година, уделот ќе се зголеми на 61 проценти, за при целосна реализација на планот, во 2038 година целата струја за железничката мрежа во Германија да биде „зелена“.

Enerparc AG е со седиште во Хамбург и дејствува во светски рамки, во развој, изградба и управување со фотоволтаички системи. Со инсталирана моќност на соларна струја од преку 2.000 мегавати, компанијата има стекнато искуства во Германија, Европа, САД и Азија.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

176
22 shares, 176 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *