за

Зошто Германската Железница ги бојадисува шините бело

Зошто Германската Железница ги бојадисува шините бело
Зошто Германската Железница ги бојадисува шините бело

Германската Железница постојано има проблеми во екстремните климатски услови. Бидејќи високата температура силно ги оптоварува челичните шини, компанијата сега почна да применува посебна метода.

Бел премаз ја смалува температурата на шините при високи температури. Лабораториските тестирања покажаа дека белите шини многу повеќе ја рефлектираат светлината. Поради тоа, премазот овозможува нивната температура да биде седум до осум степени пониска отколку без него.

Сознанијата од испитувањата се применети практично на мостот во Фиферската долина во свеерниот дел на покраината Хесен. Оваа брза железница ги спојува Хановер и Вирцбург. На мостот има два колосеци. На едниот колосек, шините во должина од илјада метри се бојадисани бело, додека вторите шини не се премачкани.

На шоните дополнително се поставени сензори кои постојано ја мерат температурата на челикот. Компјутер ги запишува податоците и ги споредува температурните дијаграми на обичните и белите шини. Тестирањето во практика ќе трае до крајот на годината. Доколку во реални услови се покаже дека белата боја навистина ја смалува температурата, постапката со белата боја ќе се применува и на други места.

Тестирањата почнале уште во минатата есен. По десет месеци е донесе заклучок дека белата еколошка боја се задржува на шините, но премазот мора да се обновува редовно.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini ги развиваше 18 месеци карбонските крила за JCW GP

Mini ги развиваше 18 месеци карбонските крила за JCW GP

Последниот мотор од Цвикау, фабриката на Volkswagen се префрлува на струја

Последниот мотор произведен во Цвикау, фабриката на Volkswagen продолжува на струја