за

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми

uze mobility street scooter fb

Дојче Пост е веројатно единствената поштенска служба во светот што самостојно ги произведува своите транспортери со погон на струја. Компанијата сега доби налог да испорача 500 примероци за една фирма што ќе ги изнајмува возилата

StreetScooter се покажа како генијален потег на менаџерите на Дојче Пост. Светскиот гигант во сферата на логистиката самостојно организираше производство на електрични возила за своите служби. Неколку возила веќе се испорачани и за јавните сервиси ширум Германија, но сега следи и првиот навистина голем налог за испорака. Фирма од подрачјето на таканаречениот кар-шеринг, односно краткотрајното измајмување возила без посредство, нарача 500 примероци од моделите Work и Work L.

Posted by UZE Mobility on Sunday, October 28, 2018

Електричните транспортери во почетокот ќе се користат во неколку метрополи, како возила што регистрираните корисници ќе можат да ги изнајмуваат по потреба, директно од улица, каде што во моментот ќе биде паркирано некое од возилата. Фирмата од Ахен ги отвори своите филијали во Бремен и во Диселдорф, нудејќи многу пониски цени од конкуренцијата. UZE Mobility има план своите возила да ги понуди за бесплатно користење, затоа што големите површини на возилото ќе ги користи како рекламна површина.

паметни лежечки полицајци - smartbumps 2
Македонските иноватори не заостануваат во старт-ап проектите. Паметните лежечки полицајци не „казнуваат“ кога се вози со дозволената брзина. Првиот уред е веќе поставен, за повеќе информации кликнете на сликата или на врската

Тестирањето ќе стартува уште месецов, со околу 50 возила во регионот на Рајна. Слично како гугл или фејсбук, UZE ќе користи реклами за рефинансирање, а воедно ќе ги продава и податоците што ќе произлегуваат при возењето на Street Scooter. Тоа се вредни информации за кои компаниите се подготвени да платат солидно.

UZE е основана како фирма за анализа на податоци за возила и сообраќај, коишто се регистрираат преку GPS-предавателите, со цел да се постигне поефикасно организирање на доставата на пратки со електрични возила во урбаните средини. Градските средини ќе профитираат преку растоварувањето на сообраќајот, бучавата и штетните емисии.

Дојче Пост пушта втора фабрика за својот електро транспортер

Германската пошта доаѓа на струја

Bosch нуди изнајмување електрични комбиња во хоби-маркети

Електромобил за 16.000 евра стартува со производство во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

олдтајмерџиите од стојаково најава индија

Олдтајмерџиите од Стојаково овојпат возат до Индија

Bosch konceptno vozilo CES 19

Вака изгледаат „градските автобуси“ на иднината