за

Германија планира зголемување на субвенциите за електрични автомобили

mercedes, полнач за електрични автомобили
mercedes, полнач за електрични автомобили

Германскиот министер за сообраќај Андреас Шоер планира дополнителни повластици при купувањето електрични автомобили во земјата. Државата во иднина ќе учествува со 4.000 евра. Неизвесно е дали и производителите на автомобили ќе го удвојат својот удел во субвенцијата.

Министерот за сообраќај на Германија, Андреас Шоер, планира да го продолжи субвенционирањето на електричните автомобили и значително да ја зголеми висината на субвенцијата. Намерата е да се поттикне продажбата на подостапните електрични автомобили. Во поглед на електромобилноста, Германија уште заостанува зад скандинавските земји, но и зад Холандија, Франција или Велика Британија.

Таканаречениот бонус за животна средина беше воведен во средината на 2016 година. Според Министерството, важноста на овој бонус ќе продолжи и во 2020 година. Следниот чекор е зголемување на уделот на државата. Електричните автомобили со цена до 30.000 евра, во иднина ќе бидат субвенционирани со 4.000 евра, место сегашните 2.000 евра. Зa поскапите автомобили, премијата ќе се зголеми на 2.500 евра.

audi e-tron isporaka forum ingolstadt
Првиот примерок од електричниот Audi e-tron испорачан на приватен купувач

Државата ќе го потпомага и купувањето електрични такси возила и доставни возила. Конкретно за такси, премијата треба да изнесува 8.000 евра. Неизвесно е дали и производителите на автомобили соодветно ќе ја зголемат висината на својот удел во субвенционирањето. Според постојните услови, државата и производителите учествуваат со по 2.000 евра, односно вкупно 4.000 евра.

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила

Германија со 7.000 евра субвенција за електрични доставни возила

Германија има субвенции за уште 300.000 електрични автомобили

Франција против смогот со 10.000 евра субвенција за електромобили

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
audi r8 trkacka pateka

Audi ги откажува TT и R8, најавува супер-осумка

bmw garmisch 2019

Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново