181
35 shares, 181 points

Современите автомобили трошат помалку гориво и помалку ја оптоваруваат животната средина со издувни гасови. Но, голем дел од најпродаваните возила имаат посилни мотори, со што се поништува напредокот

Зголемен број возила кои минуваат поголема километража и сé посилни мотори. И покрај напредокот во пречистувањето на издувните гасови и смалената потрошувачка на гориво, автомобилскиот сообраќај се повеќе ја загадува животната средина со стакленичкиот гас јаглероден диоксид.

Според податоците на Сојузната служба за статистика на Германија, автомобилскиот сообраќај во земјата, во минатата година бил одговорен за емисија на 115 милиони тони СО2. Тоа се 6,4 проценти повеќе отколку во 2010 година, соопштуваат германските статистичари.

Растечкиот тренд произлегува првенствено од се посилните мотори и зголемениот број на автомобили, кои воедно минуваат и поголема километража. Германскиот возен парк за осум години се зголемил за 10 проценти, на близу 46 милиони возила.

Ова зголемување на возниот парк речиси целосно е постигнато со дизел возила, чијшто број пораснал за преку 35 проценти. Во исто време, бројот на возила со брнзински мотор се зголемил само незначително, за 0,7 процент. Вкупно изминатата километража на целиот германски возен парк пораснала за девет проценти.

Просечната моќност на автомобилите што биле регистрирани лани во Германија изнесува 151 КС

Во поглед на заштитата на животната средина, тоа што моторите стануваа сé посилни го поништи напредокот кој се постигнуваше во моторната техника и во пречистувањето на издувните гасови. Германците најмногу купувале автомобили со силен дизел мотор. Просечната моќност на автомобилите што биле регистрирани лани изнесува 151 КС.

Во 2010 година, овој просек изнесувал 130 КС. Автомобилите со моќност од преку 100 киловати, односно 136 КС, учествуваат со повеќе од една половина со вкупната емисија на СО2 која што потекнува од автомобилскиот сообраќај.

Потрошувачката на бензинците се смалила на 7,6 литри, додека дизелите трошат исто колклу и пред осум години

За период од осум години, единственото намалување е постигнато кај бензинците, чијашто просечна потрошувачка се смалила за четири проценти, на 7,6 литри на сто километри. Со просек од 6,8 литри на сто километри, дизелите трошат помалку од бензинците, но затоа кај нив не се забележува намалување во споредба со просекот на возниот парк од 2010 година. Вкупната потрошувачка на гориво на сите патнички автомобили во осумгодишниот период се зголемил за 5,7 проценти, на 46,35 милијарди литри.

протести еко-активисти, загадувањето од возилата

Според пресметките на Агенцијата за животна средина, емисија на еден тон јаглероден диоксид предизвикува недоместлива штета во висина од 180 евра, на пример преку смалените приноси во земјоделството или преку оштетување на објектите и инфрастуктурата. За автомобилскиот сообраќај, лани во Германија биле потрошени 20,7 милијарди евра.

За влијанието на возниот парк врз загадувањето на воздухот во Македонија, според истражувањата на Аутомедиа, можете да прочитате повеќе на следниве линкови, како и со пребарување низ содржината, со користење на обележувачите загадување или животна средина и многу други:

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
35 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743