за

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила
Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила

Тоа би требало да е лоша вест, но ако се има предвид дека целата индустрија во земјата (и не само таму) мируваше цел април, пак е куриозитет тоа што автонацијата произведе околу 11.000 возила.

Бројките за продукцијата на автомобили во април требаше да останат на „нула“, откако повеќе земји производители на автомобили ги запреа лентите. Со испораките беше поинаку, затоа што дистрибуцијата во основа продолжи до дилерите и до регионалните центри, но секако дека и таму имаше масивен пад.

Како своевиден куриозитет во овие времиња што сакаме брзо да ги надминеме, во Германија во минатиот месец пак биле произведени околу 10.900 автомобили. Тоа е пад од 97 проценти. По првите четири месеци од годинава, тамошната продукција одвај достигна еден милион возила (-38 проценти).

Нарачките за производство од домашната мрежа се намалиле за 70% поради корона-кризата, односно за 32 проценти од почетокот на годината. Од странската мрежа во април пристигнале 47% помалку нарачки за производство (-25% до април).

Извозот речиси целосно запрел. До клиентите ширум светот биле испорачани само 17.600 свежо произведени патнички автомобили (-94%). Од почетокот на годинава, бројката изнесува 794.700 возила или за 38 проценти помалку од истиот период лани.

Поскапи акцизи кај нас, во Германија субвенции за купување автомобили

Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Lotus со четири специјални серии од Elise

Lotus со четири специјални серии од Elise