187
23 shares, 187 points

Во првото полугодие во Германија се продадени повеќе електрични автомобили и плагин-хибриди отколку во земјата предводник на е-погонот, Норвешка. Во светски рамки, кина е неприкосновено најголем пазар за електрични возила.

Во Германија во првото полугодие од 2019 се продадени околу 48.000 електрични автомобили, четири илјади повеќе отколку во Норвешка. Тоа значи дека германскиот пазар го престигна норвешкиот пазар за електрични возила, кој долги години важи со право како предводник во поглед на алтернативните погони. Покрај возила со погон само на батерија, во продажбата влегуваат и бројките од плагин-хибридните возила.

Според резултатите од првото полугодие лани, Норвешка со 36.000 продадени електрични автомобили и плагин-хибриди беше во предност од две илјади возила пред германскиот пазар, кој по обем е непосредливо поголем од пазарот во богатата скандинавска држава.

За шест месеци во Кина се регистрирани 628.000 нови возила со погон на струја

Во светски рамки предводи кинескиот пазар, со 628.000 новорегистрирани електрични автомобили во периодот од јануари до јуни. Одушевува и постигнатиот пораст од преку 50% во споредба со првото полугодие лани. Во САД, кои се втор најголем пазар за нови возила во светот, во истиот период се регситрирани 149.000 возила „на батерија“ и плагин-хибриди. Таму пазарот пораснал за околу една петина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Франција исто така напредува и забележала 29.000 нови електрични автомобили до јуни, што е раст од 38 проценти. Наспроти тоа, во Велика Британија се смалил бројот на нови регистрации на овие возила за седум проценти, на 27.000 возила. Огромен раст од 122% има во Холандија, со околу 20.000 купувачи на електрични возила во првите шест месеци од годинава.

Шампион во поглед на уделот што го постигнуваат електромобилите во споредба со целиот пазар останува Норвешка. Уделот таму изнесува 56,2 проценти, гледано за периодот од јануари до јуни. Лани, уделот изнесувал 46,6 проценти. Електричните возила учествуваат на пазарот во Холандија со 8,9%, во Кина со 5,1%, во Германија 2,6%, во Франција 2,5%, во Велика Британија 2,1% и во САД со 1,8 процент.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

187
23 shares, 187 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *