за

Германија ќе наплаќа повисок данок за возила што трошат многу

range rover sport hst mild hybrid

Германските власти отпочнаа постапка за воведување на планираното зголемување на годишниот данок, за возила што имаат висока потрошувачка на гориво.

Од следната година во Германија ќе се наплаќа повисок годишен данок за новорегистрираните возила што имаат висока потрошувачка на гориво. Владиниот кабинет во Берлин ја започна процедурата за донесување законски измени, со цел да се подобри заштитата на климата и воедно граѓаните да се поттикнат да избираат поштедливи автомобили. Мерката нема да ги погодува автомобилите што веќе се регистрирани во земјата.

Висината на данокот ќе се промени незначително за автомобилите од класите на Polo и Golf. Дополнителната компонента во данокот којашто се однесува на заштитата на климата ќе се пресметува доколку возилото има емисија на СО2 над 96 грами на километар. Оваа компонента ќе се зголеми значително во случај автомобилот да има емисија на СО2 над 116 g/km. Данокот ќе се зголеми првенствено за големите и тешките СУВ-модели, како и за спортските автомобили. Следна инстуција што треба да се изјасни за мерката е бундестагот.

Промените се дел од пакетот за заштита на климата, за што се залага такаренечата црно-црвена коалиција во земјата. Критиките за мерките се движат во две крајности. Едната страна цени дека климатската компонента треба да биде уште повисока, додека другата страна искажува загриженост дека реформата ќе ѝ наштети на автомобилската бранша, којашто заработува добро од продажбата на СУВ-возила.

Повеќе околу овие измени од најголемиот пазар на континентот, кој влијае и генерално на европскиот пазар, во нашата претходна објава на темата:

Германија ќе го зголемува данокот на автомобили од 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Осум цилиндри е подобро од шест: Porsche Cayenne GTS