Новите мотоцикли ќе смеат да бидат гласи најмногу колку тревокосачка. Тоа го бара германскиот Сојузен совет, исто како и забрана за возење во недела и во празници.
Сојузниот совет на Германија, бара мотоциклите во иднина да создаваат помалку врева. Високиот законодавен орган ќе се залага во иднина да се ограничи дозволената емисија на бучава за сите нови возила. Во иднина ќе постои максимална вредност, којашто одговара на бучава на камион во минување или на тревокосачка.
Покрај тоа, се предлагаат и построги казни за тјунирањето, со коешто значително се зголемува бучавата на мотоциклот. Треба да се забрани можноста за возачот да има контрола врз звукот, односно по „потреба“ да вклучува потивок звук. Понатаму, германските сојузни покраини треба да воведат ограничени забрани за возење мотоцикли во недела и во празници. Решението на Сојузниот совет е предадено понатаму до Владата. Таа ќе решава, дали и кога ќе се реализира барањето.
Според извештаите на европската агенција за животна средина, најмалку секој петти жител на Европа во својата средина е изложен на бучава што му штети на здравјето. Притоа, најголем предизвикувач на бучава останува патниот сообраќај, како дење, така и ноќе.