за

Германија за четири години субвенционирала 200.000 електромобили

mercedes eq Германија за четири години субвенционирала 200k електромобили

Од буџетот на Германија, во минатиот месец била исплатена субвенцијата за 200-илјадитиот електричен автомобил во земјата. „Автонацијата“ воведе план за поттикнување на продажбата на електрични автомобили во услови на корона-кризата, субвенциите пораснаа.

Државната премија за електрични автомобили во мај ја надмина бројката од 200.000 барања, којашто германските власти ја поставија како цел кога стартуваше програмата. Од почетокот во летото пред четири години, до 1-ви јуни 2020, регистрирани се 206.035 барања, соопштуваат од Сојузната служба за стопанство и контрола на извоз на Германија.

Само од последното броење на 1-ви мај, самонаречената „автонација“ регистрирала 7.714 нови барања за исплата на премијата. Во март имаше рекордни 12.000 барања за исплата на субвенција за купување електричен автомобил, но потоа следеше прогласувањето на пандемијата и општиот прекин. Се очекува дека и овој рекорд ќе падне наскоро, имајќи го предвид штотуку изгласаното зголемување на премиите.

Од почетокот на субвенциите, два од секои три електрични автомобили е чисто „батериски“ автомобил, додека преостанатата третина се плагин хибриди. Се субвенционирале и 123 возила со погон на водород, но тие уште се прескапи за воопшто да се очекува поголема бројка.

Субвенционирањето оди во интерес и на германските производители на автомобили

Од производителите, најмногу искористиле BMW, Renault и Volkswagen. За возилата од овие марки се исплатени субвенции соодетно за 29.180, 24.861 и 24.696 набавки. Потоа следат Smart, Tesla, Mitsubishi и Mercedes Benz.

Доколку се следи само периодот од 1-ви мај до 1-ви јуни, тука јасно профитирале германските производители. Volkswagen предничи со 1.020 возила, следат Mercedes-Benz со 931 и BMW со 906 барања. На четвртото место е Renault (886), по него е Audi (689).

Во почетокот, пред четири години, државата покриваше 2.000 евра при купување на електричен автомобил и исто толкава сума од производителот. Оваа вредност неодамна се зголеми на по 3.000 евра за секоја страна. Како дел од пакетот за поттикнување на пазарот во корона-кризата, државниот удел во субвенцијата привремено ќе се зголеми до 6.000 евра. Тоа значи дека во одредени услови и до одредена цена, субвенцијата ќе достигне вкупно 9.000 евра.

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Volkswagen Passat GTE test

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

Хибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти

Хибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти