за

Genesis ќе претстави уште пет нови модели до 2020 година

Луксузната марка на Hyundai ќе изгради понуда од вкупно шест модели до крајот на деценијава. Спортски теренци секако дека не смее да отсуствуваат, а следува и конкурент на Mercedes C-Class и Audi A4.

Новоформираната престижна марка на Hyundai во моментов ја има во понуда само лимузината од високата класа G90, како наследник на Equus. Матичната марка уште го продава Hyundai Genesis, кој во најскоро време веројатно ќе биде префрлен под марката Genesis и ќе ја носи ознаката G80. Преку студијата прикажана на салонот во Њујорк, Корејците го најавија идното пристигање на премиум модел од средната класа, како конкурент на Mercedes C-Class и Audi A4.

Верзијата за сериско производство што ќе произлезе од концептот треба да стартува веќе во оваа година, под моделската ознака G70. Со тоа понудата на марката Genesis ќе достигне три модели од премиум сегментот. Следуваат купе врз основа на лимузината од средната класа, како и два спортски теренци, едниот како конкурент во класата на Mercedes GLC, додека вториот ќе цели во повисоката класа, на Mercedes GLE. Претходно Hyundai посочи дека плагин-хибридниот погон ќе се понуди во поголемиот дел од идните модели. Чисто електричен погон или водороден погон засега не се спомнуваат.

[FAG id=24367]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Швеѓаните го напаѓаат рекордот на Нирбургринг со Koenigsegg One:1

Мадридското такси доби 110 електрични возила Nissan Leaf