за

General Motors поднесе тужба против Fiat Chrysler

General Motors поднесе тужба против Fiat Chrysler

General Motors поднесе тужба за наводно рекетарство против Fiat Chrysler, образложувајќи дека конкурентот со години ги поткупувал одговорните лица во работничкиот синдикат на автомобилската индустрија и стекнувал предимство, нанесувајќи му на тој начин на General Motors штета во висина од повеќе милијарди долари

Автомобилската корпорација General Motors наведува дека ќе бара висока отштета, притоа не посочувајќи ја висината на истата. Од итало-американскиот концерн Fiat Chrysler Automobiles (FCA) излегоа со кусо соопштение, во коешто се претпоставува дека процесот има за цел „да го наруши планираното спојување со PSA, исто како и преговорите со работничкиот синдикат на автомобилската индустрија“.

Тужбата пристига во лошо време за FCA, кои работат на планираното спојување со францускиот концерн PSA и моментно се во преговори за четиригодишен договор со Синдикатот. FCA и PSA во минатиот месец објавија план за рамноправно спојување, со што ќе се создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светски рамки и воедно ќе се постигне заштеда во развојот на нови технологии, додека светскиот пазар е во опаѓање.

Во тужбата се спомнуваат тројца поранешни директори на Fiat Chrysler, кои се обвинети во судската истрага што е во тек во работничкиот синдикат и во Fiat Chrysler. Според General Motors, тужбата произлегува од овие судски истраги, заедно со наодите во сопствените истраги.

Од General Motors обвинуваат за „рекетарска шема“ во Fiat Chrysler во периодот меѓу 20-09 ио 2015 година, поради којашто General Motors им плаќал повисока дневница на работниците во автомобилската индустрија отколку Fiat Chrysler. Тоа воедно овозможило итало-американскиот концерн да ангажира поголем број времени работници и да издвојува пониски суми за плати кај добавувачите отколку GM.

Во тужбата понатаму се наведува дека Fiat Chrysler, под раководство на поранешниот шеф Серџо Маркијоне, во периодот меѓу 2009 и 2015 година ги поткупувал раководните лица во работничкиот синдикат, за преговорите да бидат неповолни за General Motors. Според нив, Маркијоне бил централна фигура во осмислувањето, извршувањето и спонзорирањето на прекршочната активност.

General Motors наведува дека тужбата не се однесува на планираното спојување меѓу PSA и Fiat Chrysler, односно дека концернот не планира да поднесува тужба против синдикатот.

Работничкиот синдикат на автомобилската индустрија е во фокусот на федералната истрага за корупција, поради којашто претседателот на синдикатот неодамна се повлече од својата фунција.

 

Fiat повеќе нема да произведува малечки автомобили

Вработените во GM постигнаа договор, но пак не работат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota RAV4 Plug-in hybrid

Toyota RAV4 со плагин-хибрид како рутинска вежба

Kia XCeed

Зошто Kia прави толку врева околу новиот XCeed?