за

Вработените во GM постигнаа договор, но пак не работат

general motors carillac proizvodstvo
general motors carillac proizvodstvo

Вработените во General Motors постигнаа спогодба со управата, но уште не се враќаат на своите работни места. Сега е ред членовите на синдикатот да ја разгледаат и евентуално да ја одобрат спогодбата, а тоа може да потрае.

Вработените во најголемиот автомобилски концерн во САД, General Motors, уште продолжуваат со штрајкот и покрај првично постигнатиот договор околу тарифите. Од синтикатот соопштија дека прекинот во работењето може да трае подолго време, односно додека сите членови го одобрат договорот. Усогласувањето на ставовите ќе продолжи и во периодот до 25-ти октомври, поради што штрајкот ќе се продолжи за најмалку една седмица.

Синдикатот на работниците во автомобилската индустрија постигнаа првична спогодба околу донесувањето на нов договор за пресметување на работната тарифа, којшто ќе важи во следните четири години, но е неопходно да се согласат и членовите на синдикатот. Вработените во американскиот концерн ја прекинаа работата на 16-ти септември, откако пропаднаа преговорите околу новата работна тарифа.

Прв штајк во General Motors по дванаесет години

Вработените бараат меѓу другото да се воведе поприфатлива основа за надомест за работниот труд, како и подостапно здравствено осигурување. Работниците дополнително се борат и за соодветно учество во постигнатиот профит и за сигурно вработување.

Ова е првпат по дванаесет години да се штрајкува во General Motors. Според процените на пазарните аналитичари, прекинот во работењето досега го чини американскиот производител повеќе од две милијарди долари.

Corvette по пример на Ferrari, со американски V8

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

олдтајмери подготовка презимување

Како правилно се подготвува олдтајмер за презимување

BMW prodazba septemvri i3

Минхен не планира да го пензионира BMW i3, а нема и зошто