за

General Motors го одложи стартот на роботското такси

cruise av general motors
cruise av general motors

Компанијата Cruise, којашто е дел од General Motors и специјализирана е за автопилотирани возила, планираше годинава да започне со услуги со своите роботски такси возила. Плановите се одложуваат на неопределено време.

Американскиот гигант General Motors го одложи на неопределено време стартот на такси-службата со роботски возила, што беше планирано во текот на годинава. Место тоа, продолжува тестирањето на напредната техника за автономно возење во подрачјето на Сан Франциско. Од компанијата не наведуваат кога може да се очекува новиот старт на услугите.

Според шефот Ден Аман, целта е роботските автомобили да се вклучат на спектакуларен начин во сложениот сообраќаен систем во американската метропола. Доколку тоа успее во Сан Франциско, услугите со роботските такси возила ќе се воведат кусо потоа и во останатите градови.

Компанијата Cruise последен пат во мај доби нова инвестиција вредна неколку милијарди долари. Се цени дека вредноста на компанијата во рамките на General Motors изнесува 19 милијарди долари. Концернот ја купи стартап-компанијата Cruise во 2016 година, со цел да конкурира на Waymo, посестринската фирма на Google. Оваа веќе извесно време експериментира со роботско такси во предградие на Феникс, Аризона.

https://www.instagram.com/p/B0Tzu0AnD5n/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel-Insignia-GSI-1984-Kadett-GSI

Opel ја зголеми заработката на 700 милиони евра

seat hrana dolgo vozenje

Каква храна е правилна при возење на долг пат