124
17 shares, 124 points

Ништо не е невозможно кога станува збор за американската автоиндустрија. General Motors ќе го продава во САД моделот на Buick што се произведува во Кина. Американците нема да бидат премногу среќни од тоа.

Спортските теренци продолжуваат со доминацијата на пазарот во САД, а марката Buick има проблем поради отсуството на модел што ќе ја пополни празнината меѓу Encore и Enclave. Затоа пак, во Кина веќе некое време се вози Envision, спортски теренец што се произведува во Кина и би можел совршено да се вклопи во таа празнина. Моделот користи и модерна технологија, односно конструиран е околу платформата D2XX/D2UV, која што меѓу другото се применува и во новата Astra.

Се чини дека е пронајдено совршено решение, но увозот на овие автомобили во Соединетите Држави е чувствителна работа. Американската влада и народот сметаат дека автомобилите од домашната компанија Buick треба да се произведуваат во земјата. Тоа им создава работни места на Американците.

Како што пишува „Вол Стрит Журнал“, на General Motors сепак му е поважно да ја пополни празнината отколку да внимава на сентиментот на народот околу „американскиот“ автомобил што е произведен во Кина. Според тоа, Envision ќе се појави во продажната мрежа на Buick во САД уште во почетокот на следната година.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

124
17 shares, 124 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *