за

General Motors си купи фирма за ласерски радари

general motors lidar

General Motors стана сопственик на производителот на ласерски радари Strobe. Оваа технологија е клучна за роботизираните возила. Вистинска битка се води за воспоставување превласт во оваа технологија.

General Motors го зајакнува развојот на роботизирани автомобили со купувањето на стартап-компанијата Strobe, којашто е специјализирана за производство на ласерски радари. Овие ласерски уреди, коишто во браншата се водат како Лидар, постојано ја нагледуваат средината околу возилото и претставуваат најважна технологија за идните роботизирани автомобили. „Лидарите“ се оние ротирачки цилиндри на покривот на прототипите за тестирање на техниката.

Повеќето производители развиваат роботски автомобили. Докажаните производители на лидар-системи имаат потешкотии да ја задоволат големата побарувачка. Вистинска битка се води во браншата, за воспоставување превласт во ова подрачје. Најдобро сведоштво за тоа е Waymo, посестринска компанија на Google којашто развива сопствена лидар-техника и ја тужи такси-компанијата Uber, затоа што го презела нивниот водечки експерт, заедно со сите негови сознанија и деловни тајни околу техниката.

Отсега и General Motors располага со специјалист во ова подрачје, кој на американскиот гигант ќе му овозможи самостојност во усовршувањето на лидар-техниката. Претходно беше откупен и софтверскиот специјалист за роботизирани возила Cruise. Компанијата моментно тестира со повеќе автономни возила во подрачјето на Сан Франциско. Strobe вработува само петнаесетина експерти и ќе биде дел од Cruise. Стартап-компанијата досега беше дел од поголем концерн којшто произведуваше воена опрема.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LC Structural Blue Edition

Што е толку необично во сината боја на Lexus LC?

безбедноста во сообраќајот во македонија

Зошто (не) ги почитуваме сообраќајните правила