156
20 shares, 156 points

Porsche 911 е чистокрвен спортски автомобил како од буквар, на кого што местото му е на тркачките патеки и на улиците. Прочуената тјунерска работилница Gemballa, специјалист за тјунирање Porsche, најавува „елфер“ за возење по терен. Има и други најави.

Gemballa е познато и ценето име на сцената на тјунингот на Porsche. Основачот Уве Гембала, во 1981 година отвора тјунерска работилница за Porsche. Пред десет години, Гембала беше убиен во Јужна Африка, во случај што уште не е сосем разјаснет. Кусо пред тоа, фирмата објавува стечај, за потоа бизнисот и сите права на марката да ги преземат Андреас Шварц и Штефен Корбах. Дејноста на компанијата останува непроменета, Gemballa GmbH продолжува да работи главно на тјунинг на моделите на Porsche.

Пред десетина денови, фирмата поднесе кривична пријава против синот на Уве Гембала, Марк Филип. Овој 26-годишник неодамна најави дека ќе го продолжи бизнисот на својот татко и во сопствената компанија ќе работи на тјунирани изведби од моделите на Porsche. Актуелниот сопственик на Gemballa GmbH, Корбах, цени дека Марк Филип со тоа ги повредува заштитените права на неговата компанија. Околу тоа ќе решава Судот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во сиот овој метеж, Gemballa GmbH најави дека бизнисот ќе го организира од ново и дека во понудата ќе вклучи и автомобили со погон на сите тркала. Компанијата објави и неколку цртежи од теренски Porsche 911, качен на огромни тркала. Според Корбах, перформансите на автомобилот ќе ги стават во сенка сите останати возила од оваа класа.

Необичниот модел што е именуван Avalanche 4×4, би требало наскоро да се појави на пазарот. За најавата да не остане само на теренскиот 911, Корбах планира да развие и верзија врз база на Porsche Cayenne, којашто ќе располага со исклучителни теренски способности и наречена е Tornado 4×4. Идејата за двата автомобили постоела уште од 2016 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Не се запоставува традиционалната сфера на Gemballa. Уште во текот на следното лето ќе биде претставена верзија на 911 со мотор чијашто моќност ќе го надмине и сегашниот GTR 8XX Evo-R BiTurbo. Се зборува за моќност од преку 1.000 КС. Спомнатиот „8XX“ во најлутата изведба моментно постигнува 818 КС и вртежен момент од 1.098 њутнметри. Спринтот до сто трае 2,4 секунди, а крајната брзина изнесува 370 километри на час.

Во ценовната категорија во којашто купуваат клиентите на Gemballa, многу работи стануваат можни.

Gemballa најавува уште поекстремна изведба од GTR 8XX Evo-R BiTurbo

Околу ексклузивноста во кабината постојат само малку ограничувања

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *