144
38 shares, 144 points

Пробивањето на СУВ-купеата траеше подолго отколку што се надеваа производителите. Тоа е еден од главните трендови. Кинескиот Geely претстави компактен модел со закосен опаш. Наскоро ќе се појави и модел од сестринската марка Volvo, со слична форма и со истата техника.

Не е тајна дека Ли Шуфу, човекот кои стои зад кинеската марка Geely, е голем љубител на луксузните автомобили. Како сопственик на Volvo, тој веќе остави печат во овој, за многумина предизвикувачки, но и исто толку кобен сегмент. Годинава е актуелна платформата CMA, којашто ја користи Volvo XC40, а наскоро со неа ќе се појави и новата генерација на V40. Истата техника од луксузната марка ќе ја добијат идните компактни СУВ-модели и лимузини од марките Lynk&Co и Geely.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Не е тајна и дека кинескиот мултимилијардер е љубител на Mercedes. Тој е најголемиот единечен акционер во Штутгарт во моментов, со удел од близу 10 проценти. Ново е тоа што Ли почнува да се интересира и за моделите на BMW. Тоа е очигледно кога ќе се погледне компактното СУВ-купе, кој набрзо стартува со продажба на кинескиот пазар, како Geely FY11. Оваа трендовска форма ќе ја понудат и неколкуте нови кросовери на шведската марка, што следат за кусо време.

Geely неколкупати докажа дека умее да создаде оригинален и привлечен дизајн, затоа изненадува оваа полукопија на BMW X4

Изгледот на FY11 е многу сличен со BMW X4. Тоа е неочекуван потег од Кинезите, кои со досега претставените модели докажаа дека се способни самостојно да креираат привлечен и оригинален дизајн. Постојат неколку разлики во деталите кај Geely FY11, но пропорциите се речиси стопроцентно верни на баварското СУВ-купе.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Слична форма ќе има новиот Volvo V40, чијашто премиера се очекува годинава. За разлика од постоечкиот модел, кој е класична комбилимузина, наследникот ќе прерасне во кросовер во компакт класата. Концептниот автомобил 40.2 од 2016 година веќе покажа во кој правец ќе се развиваат работите.

Geely засега открива само малку податоци за FY11. Под хаубата работи дволитарски турбо-бензинец со моќност од 238 КС и вртежен момент од 350 њутнметри. Моделот ќе се нуди во изведба со преден погон и со погон на сите тркала. Уште не е потврден датумот на почетокот на продажбата во Кина. Покрај СУВ-купето, Geely годинава ќе претстави уште лимузина со погон на струја и повеќенаменско комби, како два нови сегменти за марката.

Geely ги лови продажбите на Volkswagen и GM во Кина

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
38 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format