за

Кинеските газди на Volvo оствариле заработка од 12 милијарди евра

geely zarabotka 17

Geely Auto или кинескиот холдинг што го поседува Volvo, лани остварил промет во висина од 93 милијарди јени, што е зголемување од 73% во споредба со преклани. Уште повеќе импресионира податокот за профитот: 10,6 милијарди јени или 108% повеќе отколку една година порано.

Во услови на заострена конкуренција на глобалниот пазар и забавениот раст на домашниот пазар, Geely Auto продал 1,25 милиони возила лани, што претставува зголемување од 63 проценти. Компанијата учествува со 5,06% во вкупната продажба на возила на домашниот пазар. По надминувањето на првиот милион, планот е до 2020 година да се достигне и двомилионска продажба. За годинава се очекува продажбата да се зголеми за 27%, на 1,58 милион возила.

Расте и просечната цена на продадените возила на Geely

Половината од понуда на Geely ја сочинуваат модели што се продаваат во повеќе од 10.000 примероци месечно: Bo Yue, New Emgrand, Emgrand GS, Emgrand GL, New Vision, Vision SUV, Vision X3. Освен зголемената продажба на возила, за одличните финансиски резултати придонесува и фактот што групацијата продала повеќе возила од поскапите сегменти. На пазарот на електрични возила, ланската продажба на Emgrand EV надминала 25.000 примероци, што на моделот му го донесе првото место во сегментот.

Кинезите избираа автомобил на годината: Победник е Geely GC9

Во светот лани се продадени над 86 милиони автомобили

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

shell 10000 novi stanici

Shell ќе отвора 10.000 нови станици за гориво до 2025 година

Nissan електрични автомобили до 2022 година

Nissan најавува осум нови електрични модели до 2022 година