за

Британски осигурители ги објавија најскапите поправки лани

mclaren 12c

Компанија што е специјализирана за гаранции за користени автомобили ги објави десетте најскапи сметки за поправка што им ги платила на своите клиенти во текот на минатата година. Листата ја предводи сопственик на McLaren MP4-12C со 10.000 фунти за поправка на менувач, но има и многу поевтини автомобили со скапи поправки.

Британската осигурителна компанија Warrantywise лани му исплатила 10.000 фунти за поправка на менувач на сопственик на McLaren MP4-12C. Компанијата е специјализирана за издавање гаранции за користени автомобили, на коишто им е истечен фабричкиот гарантен период.

Тоа е највисоката сметка на списокот на 10 најскапи поправки што Warrantywise им ги одобрил на своите корисници во текот на минатата година. За користењето на оваа услуга, сопственикот на McLaren плаќа по 209 фунти месечно. Агентите на компанијата очигледно имаат добри аргументи кога потпишуваат нови договори. Осигурување на користен Golf или Fiesta чини 19 фунти месечно.

Поевтино е да се плаќа осигурување, отколку да се плаќа штетата

Не зачудува тоа што на Топ 10 листата на најскапи поправки се наоѓаат спектакуларни автомобили од типот на Lamborghini Aventador или Maybach. Но, трошоците за поправка не зависат секогаш од вредноста на автомобилот. Тоа го докажува примерот со дефектните сензори на Mercedes C-Class, чијашто поправка чинела преку 5.000 фунти. Од друга страна, обичен проблем со протекување масло од Porsche Cayenne, без гаранциското покритие би го чинела сопственикот близу 5.500 фунти.

Марка и модел

Дефект

Трошок (во фунти)

McLaren MP4-12C

Менувач

10.000,00

Land Rover Discovery 4

Мотор

8.527,80

Nissan GTR

Менувач

6.271,38

Dodge Journey

Менувач

6.262,54

Maybach 62S

Сопирачки

6.110,94

Lamborghini Aventador

Спојка

5.954,02

Ferrari 599

Менувач

5.745,22

Porsche Cayenne

Протекување масло

5.494,38

Mercedes C-Class

Сензори

5.134,00

Audi TT

Мотор

5.084,00

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

merenje azotni oksidi

Автомобилско лоби финансирало експерименти со издувни гасови врз луѓе

Формула Е генерација 2

ФИА ги прикажа новите тркачки болиди во електричната формула