за

Последниот G-Class со дванаесетцилиндарец се поздравува со стил

Mercedes-AMG G 65 Final Edition, G-Class

Mercedes-AMG G 65 заминува со ексклузивна серија Final Edition. Само 65 примероци ќе бидат изработени од поздравната серија на најсилниот сериски теренец во историјата. Пазарот ги обожува изведбите на G-Class со печат на AMG. Еден од секои три продадени примероци од G-Class го носи името на спортската подмарка на Mercedes. И цената е како на суперспортски автомобил: 310.233 евра, без опции.

Во моќниот G-Class работи шестлитарски V12 со 630 КС и вртежен момент од 1.000 њутнметри. Спринтот до сто трае 5,3 секунди, крајната брзина е ограничена на 230 километри на час.

V12-моторот со битурбо натполнење и со моќен звук е несомнено едно од врвните досигнувања во долгата историја на теренецот со сребрена ѕвезда. Не случајно врз моторот е поставена скапа облога од карбон и алуминиум.

Ексклузивната серија од G-Class ќе се изработува претежно рачно во погоните во австрискиот Грац

Серијата се одликува со бандажи од 21 инч, со пет краци и финиш во боја на бронза, со сребрени сопирачки клешти и странични ленти по каросеријата, за спортски печат. Заштитата на подвозјето исто така е во бронзена боја, заедно со уште неколку детали.

Во кабината следуваат ексклузивна кожа, неколку елементи од карбон, спортски волан од AMG зарамнет долу, мултиконтурни седишта и климатизација за истите.

G-Class постои уште од 1979 година и е најдолго произведувана моделска серија на Mercedes. Сите актуелни теренци на марката ја носат буквата G во чест на оваа легенда. Серијата G 65 Final Edition ќе се изработува претежно рачно, во погонот во Грац.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Vito, Лондон, такси

Комбето на Mercedes стана новото лондонско такси

Новиот Renault Koleos Македонија

Новиот Renault Koleos стартува со продажба во Македонија