за

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон
Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

Daimler веќе извесно време го испорачува електричниот камион Fuso eCanter на светскиот пазар. Меѓу новите клиенти е Calor, позната служба за достава на гас во Велика Британија. Fuso eCanter има нулта емисија на штетни материи и ги доставува класичните боци со пропан-бутан до клиентите во централното подрачје на Лондон.

Бидејќи станува збор за возило со нулта емисија, тоа смее да пристапува непречено во прочуената зона со ултра ниска емисија на штетни материи во централното подрачје на Лондон (ULEV-Zone, Ultra Low Emission Zone). Електричниот Fuso на тој начин придонесува за подобрување на квалитетот на воздух во светската метропола.

Со полна батерија, eCanter минува околу 100 километри, што е доволно за повеќето видови на достава на подрачје на град. Електричниот камион на Calor во просек минува по 50 километри дневно. Батеријата се полни преку ноќ, на полнач во депото на компанијата. Возилото секое утро заминува од депото натоварено со боци тешки 2.370 килограми. Тежината на товарот до крајот на денот не се намалува драстично, затоа што службата во исто време ги презема испразнетите боци.

„Возењето на eCanter е мошне лесно. Забрзувањето од место е навистина моќно. Се чувствува и отсуството на бучава или вибрации во кабината, што придонесува за пријатно возење“, објаснува Александру Нечита, еден од возачите на електричниот камион на Calor.

Fuso eCanter е компактен и подвижен камион во класата до 7,5 тони. Во островската држава досега се испорачани 16 примероци од електричниот камион, што се произведува во мала серија во фабриката на Daimler Trucks во Португалија. Во САД, Европа и Јапонија сообраќаат повеќе од 150 возила eCanter, во метрополи како Њујорк, Лос Анџелес, Токио, Берлин, Лондон, Амстердам, Париз, Копенхаген и Лисабон.

Електричен камион разнесува пошта во Ирска

електричен камион Fuso eCanter, Daimler, Ирска

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8

mercedes eq Германија за четири години субвенционирала 200k електромобили

Германија за четири години субвенционирала 200.000 електромобили