Вести

Прв електричен камион од сериско производство е … Fuso

Иднината на доставата на пратки во градското подрачје е во електричните камиони

Според производителот, електричниот погон на Fuso eCanter заштедува до 1.000 евра на десет илјади километри. Со нулта емисија на штетни материи и речиси нечујна работа, електричниот камион на Daimler го заокружува синџирот на достава во градските средини.

Првите примероци од електричниот камион Fuso eCanter им се испорачани на корисниците. Марката што му припаѓа на концернот Daimler ги доби како клиенти големите логистички претпријатија Deutsche Post DHL, DB Schenker, Rhenus и Dachser. Во нивниот возен парк отсега се наоѓа првиот електричен камион од сериско производство.

Fuso eCanter е последниот чекор во доставата во урбаните средини. Затоа е особено важно тоа што електричниот погон не произведува ниту штетна емисија, ниту ги оптоварува граѓаните со бучава. Секако дека компаниите дополнително ги привлекува и заштедата којашто можат да ја постигнат со електричниот погон. Кога ќе се земе предвид големината на возните паркови, дури и минимална заштеда по камион носи огромна крајна заштеда.

Во следните две години ќе бидат испорачани 500 електрични камиони Fuso eCanter

Производителот најави дека во следните години ќе понуди електрична верзија од сите свои камиони и автобуси. Првите примероци од Fuso eCanter на европскиот пазар им се испорачани на компаниите под 24-месечен наем, преку CharterWay. Оваа фирма е дел од концернот Daimler и специјализирана е за наем на товарни возила.

Шесте електрични камиони на Deutsche Post DHL ќе циркулираат на територијата на Берлин. По три камиони добија DB Schenker и Rhenus, два камиона ќе возат за Dachser. Производството на Fuso eCanter за Европа и САД стартуваше во јули, во Португалија. Првиот електричен камион од сериско производство имаше премиера на 14-ти септември во Њујорк. Daimler во следните години планира да испорача 500 електрични камиони на избрани клиенти. Веќе од 2019 година почнува големосериско производство.

Камионите наскоро ќе бидат испорачани и на UPS во САД, а по 25 примероци ќе добијат и јапонскиот синџир супермаркети Seven Eleven и транспортната компанија Yamato.

Носивоста на eCanter изнесува до 4,5 тони. Погонската спрега се состои од шест високоволтни литиум-јон батерии од по 13,8 kWh. Електромоторот со 180 КС ја дрижи задната оска. Вртежниот момент од 285 њутнметри обезбедува солидно забрзување. Крајната брзина е ограничена на 80 km/h. Досегот со батериите тешки 600 килограми изнесува над 100 километри, што е повеќе од вообичаената дневна рута. Според производителот, со електричниот погон се заштедуваат до 1.000 евра на 10.000 километри.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729