за

Петстотини електрични Peugeot за жителите на Париз

Free2move paris psa peugeot

Жителите и посетителите на Париз добија на користење 550 примероци од електричниот Peugeot iOn и близнакот Citroen C-Zero. Возилата се користат според принципот на car-sharing, една минута чини околу 20 денари

Разликата меѓу Скопје и Париз во преземањето мерки за заштита на животната средина е во тоа што организациите и институциите во македонската престолнина бараат пари од граѓаните за проблемот да се реши, додека во Франција, за истата цел се остава фирмите да бидат тие што ќе инвестираат. Тоа сепак е суштинска разлика. Но, за што точно станува збор?

Free2Move Paris им нуди на парижаните 550 примероци од електричните градски автомобили Peugeot i0n и технички идентичниот Citroën C-Zéro. За користење на возилата е потребно само да се инсталира мобилната аплиакција Free2Move Paris на телефонот. Цената за една минута користење изнесува 32 центи, доколку се плаќа месечна претплата во висина од 9,90 евра. Без претплата, цената се зголемува минимално, на 39 центи.

За две години, услугите за мобилност на Peugeot ги користеле 1,5 милиони лица

Осигурувањето е вклучено, така што корисниците не го преземаат трошокот при евентуална штета на возилото. Секој може да се преплати за користење на оваа мобилна услуга на групацијата PSA. По симнувањето на апликацијата (iOS, Android), корисникот треба во истата да ги внесе податоците за својата банкарска сметка и во системот да ги качи возачката дозвола и личната карта.

Free2move paris psa peugeot 00001

Откако на мобилната апликација ќе се лоцира најблискиот iOn или C-Zero од возниот парк на Free2Move, корисникот го отклучува возилото со користење на апликацијата, за по пристигањето на одредиштето, да ги остава автомобилот на најблискиот јавен паркинг, бесплатно. Паркирањето во меѓувреме е слободно и на просторите со коишто располага проектот Autolib, резервирани за електрични автомобили.

Возилата се користат 24/7, организирани се посебни тимови кои се грижат батеријата на електромобилите да биде полна. По две години од почетокот на работата, Free2Move има повеќе од 1,5 милион корисници во 12 држави и возен парк од 65.000 автомобили.

Meet the Free2Move Team!

Always wanted to have an impact? Join our team and learn how important your ideas are at Free2Move! 📲 http://bit.ly/free2move-jobs

Posted by Free2Move on Friday, April 28, 2017

Повеќе од три милиони луѓе низ светот користат Car2go

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка

Електрични тротинети за изнајмување во Лисабон

Базел почнува со изнајмување електрични автомобили

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

есен мотор шоу 18 порше старо железо

Есен Мотор Шоу го оправдува шоуто во името

Skoda Scala vnatresnost

Skoda Scala брои уште една седмица до премиерата