153
27 shares, 153 points

По Хамбург и Штутгарт, Франкфурт е третиот германски град што ќе воведе забрана за возила со дизел мотор заради заштита од прекумерната загаденост со азотни оксиди

Надлежните германски судови денес донесоа одлука градот Франкфурт да го забрани сообраќајот за возила со дизел мотор. Судовите постапуваа по тужбата што ја поднесе здружението за заштита на животната средина, поради пречекорувањето на граничните вредности за азотни оксиди во градот.

Новиот план за зачувување на квалитетот на воздухот во Франкфурт ќе започне да се променува веќе на 1-ви февуари в година. Мерките што се предвидени во планот мора да обезбедат трајна и сигурна заштита од пречекорување на дозволената количина на азотни оксиди во воздухот.

Во градот Хамбург веќе се почитува забрана за возила со дизел мотор

Здружението за заштита на животната средина поднело тужби против четири градови во германската сојузна покраина Хесен, поради прекумерна количина на азотни оксиди. Покрај Франкфурт, којшто е најголем град во покраината, на штетните материи во воздухот се изложени и жителите на Дармштат, Визбаден и Офенбах.

Преставниците на здружението коешто има силно влијание врз политиката за заштита на животната средина во Германија, побараа итно воведување ефикасни мери, како што е забрана за сообраќај за возила со дизел мотор, коишто не ги исполнуваат најстрогите норми за чистота на издувните гасови. Според нив, само со радикални мерки може да се постигне намалување на загаденоста со штетните азотни оксиди.

Хамбург забрана за дизел

Загаденоста на воздухот со азотни оксиди може да предизвика заболување на дишните патишта, на срцето и крвотокот, односно моиже да доведе до влошување на здравствената состојба на лицата што ги имаат овие заболувања.

Забраната ќе се реализира во неколку степени. Од 1-ви февруари 2019 година се забранува сообраќајот за сите возила со дизел мотор со норма Еуро 4 и пониска. Од септември, сопствениците на дизели со Еуро 5 норма исто така ќе мораат да се откажат од своите возила на подрачјето на градот. Станува збор за автомобили кои обично не се постари од четири години.

Во градот Хамбург неколку месеци постои забрана за сообраќај за возила со дизел мотор на две оптоварени сообраќајници, на коишто се создава висока загаденост на воздухот со азотни оксиди. Од следната година, забрана за стари дизели ќе важи и во градот Штутгарт.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Три илјади нови возила за половина година во Македонија

Старите дизели се забранети во овие европски градови


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
27 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743