за

Франкфурт го изгуби ИАА, производителите бараат друг град

Франкфурт го изгуби ИАА, производителите бараат друг град

Големиот германски салон на автомобили ИАА по близу 70 години повеќе нема да се одржува во Франкфурт. Здружението на производители на автомобили распиша конкурс во којшто им се дава предимство на други градови.

Град Франкфурт повеќе не е домаќин на Меѓународната изложба на автомобили, или во оригинал Internationale Automobilausstellung Pkw, кусо IAA. Здружението на производители на автомобили, како организатор на манифестацијата, ќе преговара со управите на градовите Берлин, Хамбург и Минхен. За неколку седмици ќе се знае кој град ќе биде избран за нов домаќин на германскиот автомобилски салон во 2021 година.

Здружението на германските автомобилџии денес објави список со градовите што влегуваат во најтесен избор. За Салонот се кандидираа седум германски градови. Покрај досегашниот домаќин Франкфурт, од трката излегоа Келн, Штутгарт и Хановер.

Идеите и концептите што ги предложил градот Франкфурт биле мошне импресивни, соопштија од Здружението. Воопшто не било лесно Франкфурт да излезе од изборот, по речиси 70 години. „По оценувањето на сите релевантни критериуми, ИАА 2021 повеќе нема да се одржува на сајмиштето во Франкфурт на Мајна,“ пишува понатаму во соопштението за медиуми.

Градскиот советник за економија, извесен Маркус Франк, имаше мошне мудри зборови: „Овој тежок ден нé поучува, дека сите институции и манифестации со коишто располага еден град, мора да се негуваат.“

ИАА се одржуваше на франкфуртското сајмишпте уште од 1951 година, а во најдобрите години постигнуваше милионска посетеност. Лани салонот го посетија само 560.000 лица. Паралелно се одржуваа масовни протести во знак на заштитата на животната средина. Здружението на производители на автомобили планира саемот да го претвори во платформа за сите форми на мобилност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поради Корона: Toyota прекина производство во Кина, во Volkswagen се работи од дома

Поради Корона: Toyota прекина производство во Кина, во Volkswagen се работи од дома

Skoda одговара на најчестите прашања околу електричниот погон

Skoda одговара на најчестите прашања околу електричниот погон