169
22 shares, 169 points

Салонот ИАА во Франкфурт годинава привлекува повеќе внимание со протестите на организациите за заштита на животната средина, отколку со новитетите во саемските хали. Илјадници лица денес ќе го искажат своето незадоволство од загадувањето на животната средина што го предизвикаат возилата.

Илјадници демонстранти се подготвуват да го искажат своето незадоволство на отворањето на салонот на автомобили во Франкфурт за јавноста. Тие бараат брза пресвртница во насока на мобилност што нема да ѝ наштетува на животната средина.

Полициските сили се масовно ангажирани да го одржуваат редот покрај 20.000 учесници на протестите што се очекува околу 14:30 часот да пристигнат на просторот на франкфуртскиот саем. Демонстрантите пристигат пеш или со велосипеди. Градските власти очекуваат голем сообраќаен метеж во центарот на градот. Полицијата советува возачите да избегнуваат возење низ градот, односно се препорачува користење метро и трамвај.

Протестантите обвинуваат дека индустријата оддолжува со електромобилноста со цел да ги задржи високите профити

Организатори се групи за заштита на животната средина, кои се обединети под „#aussteigen“. Тие обвинуваат дека автомобилската индустрија не реагира доволно решително околу преоѓањето во ерата на електромобилноста, додека во исто време ги промовира спортските теренци кои се штетни за климата. Сето тоа, според еколозите, се прави во интерес на заработката. Место тоа, потребно е да се даде предимство на сообраќајот со велосипеди и на пешачењето, како и на користењето јавен превоз.

Демонстрантите ќе доаѓаат пеш или со велосипеди, по 13 различни рути кои водат до франкфуртскиот саем. Две делници на автопатот целосно се блокирани. Медиумите известуваат за најголема демонстрација со велосипеди во подрачјето на Рајна и Мајна. Една рута е составено исклучиво од семејства со деца и се води под името „Kidical Ride.

Протести имаше и претходно, во текот на бизнис-деновите на ИАА, а најавени се демонстрации и за утре. Планирано е блокирање на салонот под мотото „песок во менувачот“. Организаторите уште немаат објавени детали како ќе се одвиваат утрешните протести. Исклучено е насилство против лица и оштетување на инфраструктурата, со протестите се бара подобрување на квалитетот на живот во градовите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
22 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *