139
19 shares, 139 points

Ford разви сигурносна завртка за заштита од кражба на бандажи користејќи 3D-печатење, при што формата на завртката е изработена врз основа на гласот на сопственикот на возилото.

Бидејќи денешните безбедносни системи се мошне успешни во одбивањето на крадците, овие се префрлија на кражба на делови од возилата. Главна мета се скапите бандажи. За заштита од кражба на скапите бандажи обично се користи по една посебна завртка на секој бандаж, за којашто е неопходен и посебен адаптер. Но, ниту тоа не нуди стопроцентна заштита од кражба.

Гласот на сопственикот ја одредува формата на заштитната завртка за бандажот

Гласот на секој човек може да се користи за биометриско распознавање, исто како зеницата или отпечаток. Како матрица за изработка на заврката може да се користи, на пример, „јас возам Ford Mustang”. Посебен софтвер го претвора дигиталниот запис на гласот во предмет за печатење. Овој предмет понатаму се користи како мустра за изработка на посебна завртка за заштита од кражба, и секако, соодветен адаптер за неа.

Завртката и адаптерот се изработуваат од благороден челик што е отпорен на киселина и на корозија. По нивната изработка со 3D-печатење, следи раздвојување. Постојат посебни безбедносни мерки, кои оневозможуваат копирање или клонирање на деловите. Крадец не може да земе отпечаток во восок, затоа што восокот се крши кога завртката ќе се извлече од него.

При изработката може да се користат и обележја од самиот автомобил, на пример, логото или друга специфика.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *