за

Ford испраќа видео од сервисирањето до клиентите

Ford видео сервисирање
Ford видео сервисирање

Во сервисната мрежа на Ford во Германија од 2017 година постои Ford Video Check. Сопствениците, по желба добиваат кусо видео од проверката и од поправката на возилото. На снимката детално се прикажува состојбата на возилото и се укажува на потребните сервисни зафати. Корисниците досега оцениле со 4,9 од можни пет ѕвезди.

Во минатиот месец, дневно се испраќале во просек по 1.500 видеа до клиентите. Задоволни се и во Ford, затоа што на клиентите јасно им се прикажува зошто постои потреба од одреден зафат на возилото. Така се постигнува поголема доверба, а сопствениците добиваат и подобар увид во трошоците за сервисирањето.

Со видеото значително се скусува и временската рамка од приемот на возилото до издавањето работен налог. Моментно околу 700 долери го користат Ford Video Check и, на своите клиенти, преку СМС или е-пошта им испраќаат врска до видеото.

По прегледот на истото, клиентите можат онлајн да ја одобрат поправката или замената, што на крајот води до скусување на задржувањето на возилото во сервис.

Дигитализацијата постигнува солидно ниво и во организацијата на Ford во Македонија, со можноста за закажување сервис онлајн (mojservis.ford.mk), како и со деталниот преглед на цените на услугите, односно на потрошните и резервните делови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda e електрични автомобили

Електричните СУВ се комплетираа, ред е на градските автомобили

Seat dostava dron fabrika

Дронови носат делови во фабриката на Seat