за

Уличен клавирист доби Ford Transit да патува низ Европа

ford transit hermann klavirist
ford transit hermann klavirist

Дваесетгодишниот музичар Телониоус Херман од Келн појде на европска тура со посебно изведен Ford Transit. Тој ќе одржи улични концерти во повеќе градови во Јужна Европа, за да собере средства за студии по музика. Турата почнува од Австрија, потоа води низ Словенија, Хрватска и Албанија, а ќе заврши во Грција.

Ford го снабди младиот уличен музичар од Келн со Ford Transit, којшто е од суштинско значење за европската тура на Херман. Заедно со својата партнерка, тој го претвори ванот во возило за кампување според сопствена замисла. Средишното место во возилото секако дека му припаѓа на преносниот клавир. Жителите на Келн го препознаваат Телониоус токму по овој клавир на тркала, со когошто младиот музичар досега можеше да се сретне и чуе во сите делови на градот.

Внатрешноста ја комплетираат клупа, кујна и простор за одлагање, кои се изработени од дрво. Посебната конструкција замислена од Херман и неговата партнерка овозможува клупата да се преклопи во двоен лежај.

Телониоус моментно е во Бања Лука. Во продолжение неколку објави од неговиот профил на инстаграм.

View this post on Instagram

On my way to work… 🎹🎶

A post shared by STADTGEKLIMPER® (@stadtgeklimper) on

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

autri e-tron 50 quattro

Audi e-Tron за почетници, со 313 електрични КС и 300 километри досег

Toyota GR Supra

Идејата за Toyota Supra се роди во 2011 година на Нирбургринг