за

Може едно спортско комбе од Ford со 185 КС?

Ford transit sport

Ford веќе извесно време нуди спортски изведби во своите три серии на лесни доставни возила, Courier, Connect и Custom. Секако дека не останува на празни ветувања, во Transit Custom Sport наскоро ќе проработи нов дволитарски дизел со 185 КС

Ford Transit Custom Sport со дволитарски дизел со 185 КС е најсилната сериска изведба во историјата на Transit. Моделот ќе биде достапен од средината на годинава и самоуверено го прикажува својот спортски карактер со двете ленти по должината на каросеријата. Заедно со „топ-моделот“ се нудат уште две спортски изведби во моделското семејство на Transit, односно Transit Courier Sport и Transit Connect Sport.

Со зголемената моќност за девет проценти и со вртежниот момент од 415 њутнметри, следат и понапредни можности за поврзување со телефон, кои ги нуди вградениот модем FordPass. Со „спортските“ изведби на своите модели од доставната гама, производителот привлекува возачи кои сакаат да се разликуваат и кои возењето доставно возило го гледаат како животен стил.

Нивото на опрема вклучува автоматска клима, бои во внатрешноста кои асоцираат на тркачка патека, алуминиумски педали…

Ford Transit Connect Sport беше претставен на салонот на товарни возила во Хановер лани и моделот веќе е во редовната понуда на марката. Во овој модел работи 1,5-литарски дизел со 120 КС. Понудата ја заокружува компактниот Transit Courier Sport со дизел со 100 КС.

Неодоливиот шарм на тјунирано комбе

Дополнителната моќност кај дволитарскиот дизел е поситната со подобрен систем за впрскување на горивото, со смалено внатрешно триење во моторот и со преработен турбокомпресор, кој реагира побрзо. Соодветно е преправено и подвозјето, со поцврста амортизација и постегнати пружини, заради заокружување на спортскиот карактер.

Традицијата на Ford во мотоспортот и воедно имиџот на Transit прават спортската моделска изведба да биде сосем разумна и симпатична

Промените во надворешноста, покрај маркантната двојна лента, опфаќаат проширени крила, посебни браници, ретровизори и рачки на вратите, како и ексклузивни алу-бандажи од 17 или 18 инчи. Внатре прво се забележува полукожената изведба на седиштата, заедно со вообичаените додатоци внесуваат спортска нота.

Достапни се многубројни каросериски изведби, меѓу нив и верзија со двојна кабина, со кусо или долго меѓуоскино растојание.

Продажбата на Ford Transit Custom Sport лани се зголеми на 4.402 примероци на европските пазари, што е зголемување од близу 40 проценти. Напредуваше и продажбата на Transit Courier Sport со 1.044 примероци (+52%). Лани марката имаше најдобра продажба на товарни возила на европскиот пазар во последните 25 години, со 380.900 возила на 20-те најголеми пазари.

Ford Capri: Германскиот Mustang слави 50-годишнина

Кога Ford Focus добива мотор од Mustang станува Focus ST

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault nissan mitsubishi nova struktura

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

Mercedes-AMG Petronas volan F1

Колку функции има волан во Формула 1