за

Ford Transit доби нов бројач по 999.999 километри

Ford Transit километража

Овој превозник во Германија минува по 6.000 километри секоја недела со својот Ford Transit. Тој неодамна мораше да го замени бројачот, кој престанал да брои – пред еден милион километри

Еден милион километри се 25 обиколувања на земјината топка или две растојанија до Марс и едно враќање. Толку мина Елефтериос Цаферис, кој работи како самостоен превозник во регионот на Диселдорф, Германија, со својот Ford Transit. Возилото има 2,4-литарски дизел со 140 КС и првпат е регистрирано во јули 2010 година.

Господин Цаферис неодамна мораше да посети сервисна работилница на Ford, заради еден „голем“ проблем. Километражата на Transit запрела на 999.999 километри. Недозволиво е да се стопира броењето на изминатите километри, поради што сервисерите го сменија дисплејот со бројачот на километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Според шефот на тамошниот сервис, не е реткост возила на Ford да минат милион километри, но реткост е да се изврши неопходната замена на бројчаникот, затоа што возилата обично се препродаваат пред тоа или заминуваат во странство – што во обата случаи значи враќање на километражата, како вообичаена практика на пазарот на користени возила.

Не постои држава во ЕУ во којашто Цаферис нема извршено превоз со својот „милионерски“ Ford Transit

Цаферис пристигнал во сервисот веднаш по завршувањето на турата до Осло, во Норвешка, до кадешто тој вози двапати неделно. Неговата работа обично се состои во превоз на мириси и ароми за големите производители на прехранбени производи. Секоја недела, 58-годишниот превозник минува по 6.000 километри.

Најважното, сепак е, во каква состојба е милионерскиот Ford Transit. Освен редовните сервисни прегледи, Цаферис досега немал потреба од дополнителни интервенции врз возилото. Моторот, менувачот, подвозјето, сé е оригинално. Како благодарност за верноста кон марката, локалниот дилер на Ford му врачи на сопственикот на овој Transit сервисен ваучер во вредност од 1.000 евра. Тој приватно вози Ford Focus.

Ford и Volkswagen потпишаа соработка

Shelby GT500 е Супермустанг: Најбрзиот сериски Ford во историјата

Ford напредува на германскиот пазар повеќе од VW и BMW

Ford Focus со одличен старт: Повеќе од 40.000 продажби за 6 месеци

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia продажба рекорд деценија

Kia десет години во плус: И повторно рекордна ланска година

електрични автомобили продажба

Продажбата на електрични автомобили достигна 2,1 милиони примероци