114
16 shares, 114 points

Ford одобрува користење на хидротретирани растителни масла во Transit. Станува збор за специјално дизел гориво од обновливи извори, што се добива од искористено масло од фритеза, набавено од ресторани и сендвичари. Од домашната кујна исто така.

Тоа преоѓа во правило. Речиси сé согорува почисто и подобро за животната средина, отколку дизел горивото во дизел моторот. Ford направи чекор што е добар за имиџот на користењето масло од фритеза. Ако порано целта беше да се заштеди со употребата на ова масло, сега добива на тежина и „вториот“ аспект, а тоа е животната средина. Емисијата на стакленички гасови може да се смали до 90% во споредба со обичниот дизел. При согорувањето на HVO (Hydrotreated Vegetable Oil или хидротретирано масло од растително потекло) се испуштаат помалку азотни оксиди и суспендирани честички (PM), бидејќи горивото не содржи сулфур и кислород.

Ширум Европа постојат фирми што собираат искористено масло од рестораните, од кетеринг службите и училиштата. RecOil, како иницијатива со подршка од Европската Комисија, работи на зголемување на собраната количина на ова масло, со цел соодветно да се зголеми и производството на биодизел. Во синџирот се вклучуваат и домаќинствата.

„Овозможувањето нашите ванови да користат гориво од отпад, вклучувајќи и старо масло за готвење, може звучи непримерно, но користењето хидротретирано растително масло е мошне реален начин, на којшто возачите на Transit и операторите на возни паркови наскоро ќе можат да придонесат за секој да почувствува подобрување на квалитетот на воздухот

Ханс Шеп, директор за доставни возила во Ford of Europe

Како предност од користењето на HVO, кадешто спаѓаат и мастите од животинско потекло и од риба, се наведува и олеснетиот старт на дизел моторите при ниски температури. Самиот производствен процес, со примена на водород како катализатор, прави HVO да согорува почисто од обичниот биодизел и воедно да има подолг рок на траење.

Ford темелно го тестираше HVO во дволитарскиот дизел EcoBlue, со цел инженерите да утврдат дали ќе има потреба од некакви измени во моторот или во сервисните рокови.

HVO може да се набави во редовна продажба на одредени станици за гориво во Европа, главно во Скандинавија и во земјите од Балтикот, кадешто се нуди или чист, или како смеша со обичен дизел.

Некои компании со големи возни паркови исто така го усвоија ова гориво, заради намалување на емисијата на СО2. Постојат и добавувачи што го носат горивото до сопствените станици на овие компании. Во случај на потреба да се полни обичен дизел, не постојат ограничувања. Дизелот може да се меша со HVO во секаков сооднос, без какви било проблеми. Секако, тоа се однесува само на специјалното HVO-гориво, користењето затоа што користењето непреработено масло од фритеза во моторот може да преедизвика проблеми и оштетувања.

View this post on Instagram

➖ Inspiring Projects ➖ • Stockholm is the world’s first capital with a 100% fossil free bus service. – Ten years ago, they set an ambitious goal that all public transport by land would be operated with fossil fuel in 2025. They have reached this target seven years before the deadline. – B100 biodiesel RME (rapeseed oil methyl ester) and HVO100 (hydrogenated vegetable oil), is used instead of fossil diesel. – We see no reason why others all over the world can not replicate this goal, creating healthier and environmentally friendlier cities. • • • #otheroilsfuellingchange #biodiesel #biofuel #hvo #hydrotreatedvegetableoil #fuellingchange #otheroils #greenfuel #circulareconomy #globalwarming #sustainability #answerwithaction #lowcarboneconony #environmentalcrisis #community #cornwall #climateemergency #cornwallclimateemergency #fossilfree

A post shared by Other Oils (@other.oils) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

114
16 shares, 114 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *