за

Ford Transit ќе вози со хибриден погон

ford transit mild hybrid

Хибридниот погон е главната тема на штандот на Ford за претстојниот салон на товарни возила во Хановер. Електромотор добиваат и Ford Transit и Transit Custom

Електрификацијата на погонската спрега е главната тема на Ford на салонот ИАА во Хановер. На најважниот салон за товарни возила, кој започнува на 20-ти септември, премиерно ќе се појави освеженото моделско годиште на Ford Transit. Најголемото освежување е во воведувањето на таканаречениот благ хибриден погон (mHEV), вклучувајќи 48-волтна мрежа. Transit стартува прв со овој вид на погон во својот сегмент. Има и неколку измени во изгледот на предниот дел на популарниот транспортер, исто како и во кабината.

Предноста на „благиот“ хибрид е во значително пониската цена, во споредба со обичниот хибрид. Во основа, заштедата во гориво се постигнува на тој начин што стартер-генераторот ја полни малата батерија при секое запирање или забавување. Оваа енергија потоа се искористува при поаѓање или забрзување. Ефектите не се толку изразени како кај стандардниот хибриден погон, но во секој случај се соодветни за цената на доплатата наспроти конвенционалниот погон.

ford transit custom phev valencia

Втората премиера за „камионскиот“ ИАА е Ford Transit Custom PHEV, со вообичаен плагин-хибриден погон. Со полна батерија, хибридниот Transit Custom може да извози до 50 километри, според фабричките тврдења. Основата на погонската спрега ја сочинува познатиот 1,0-литарски трицилиндарец. Во овој случај, повеќекратно наградуваниот мотор работи како еден вид генератор и има функција да ја полни литиум-јон батеријата во подот на товарниот простор.

Компаниите со голем возен парк можат да постигнат значајна заштеда со преоѓањето на хибриден Ford Transit

Максималниот досег со полна батерија и со горивото што моторот ќе го потроши за да произведе енергија за полнење на батеријата, изнесува над 500 километри. Големината на товарниот простор не се менува. Во кокпитот вообичаено се вградува голем дисплеј на когошто се прикажуваат работниот режим на хибридната погонска спрега и останатите специфични информации. Почетокот на продажбата на Ford Transit Custom PHEV е планиран за втората половина од следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus луксузна јахта

Lexus ќе продава дваесетметарски луксузни јахти во САД

Volvo 360c роботските автомобили 3

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите