142
20 shares, 142 points

Повеќе европски метрополи веќе го ограничуваат или најавуваат ограничување на пристапот со возила со дизел мотор во градскиот центар. Продавниците, занаетчиите, малите работилници, сервисерите и комуналните служби мораат да се ориентираат на почист и потивок погон.

Ford веќе тестира мал возен парк од 12 примероци од Transit Custom со плагин хибриден погон по улиците на Лондон. Возилата наскоро ќе се тестираат и во шпанскиот град Валенсија. Различните искуства стекнати во двата града ќе придонесат Ford да го оптимира погонот на идниот Transit Custom PHEV за сите услови на користење.

Компанијата инвестира 11 милијарди долари во развој и производство на 40 модели со електричен погон до 2022 година, вклучувајќи и плагин хибриди. Дури 16 од овие модели ќе работат само на батерии.

Ford смета дека 50 километри на струја се доволни за дневната тура

Во Transit Custom PHEV се вградува познатиот 1,0-литарски бензинец EcoBoost, којшто функционира како генератор за снабдување на електромоторот со енергија. Тоа е случува откако ќе се испразни батеријата со капацитет за околу 50 километри. За повеќето услови на користење на доставните возила, тоа е сосем доволно за целата дневна тура да се извози на струја.

Планирано е производството на Transit Custom PHEV да стартува во 2019 година. Со тестирањето во Валенсија, Ford посветува посебно внимание на фабриката во близина на градот, којашто е еден од главните производствени центри на концернот во Европа.

Од 2011 година во Валенсија се инвестирани 2,9 милијарди евра. Лани во ноември следеше инвестиција на уште 750 милиони евра, во подготовка на производството за новата генерација на Kuga.

Хибриден Ford Transit вози по лондонските улици

Како Ford Transit стана најпродавано доставно возило во светот

Неодоливиот шарм на тјунирано комбе

Стартува производството на новиот Ford Focus

Ford Focus ќе добие хибридна изведба


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
20 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *